Македонија
Штетата од невремето во Прилеп во јули проценета на три милиони евра
Повеќе од три милиони евра е штетата од невремето што го зафати Прилепскиот Регион на 23 јули годинава.
„Денеска Советот на Општина Прилеп го усвои заклучокот од Комисијата за процена на штетите од невремето што го зафати подрачјето на општината, а кој ќе биде испратен до второстепената комисија при Владата на Република Македонија. Очекуваме во најбрз временски рок Владата да донесе одлука за сумата и опфатот со кој ќе се изврши обештетување на земјоделците“, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилепги.
Првиот човек на Комисијата за процена штети од елементарни непогоди, Жарко Северкоски, ги соопшти податоците за вкупната штета настаната од невремето, како и за бројот на поднесени барања од страна на земјоделците од регионот.
„Вкупната површина на земјоделско земјиште зафатено со невремето изнесува 10.571.762 метри квадратни, а висината на штетата изнесува 186.609.144 денари. Најголеми оштетувања има на тутунот, или над 60 отсто од површините погодени од невремето. Поднесени се 1.315 барања за надомест на штета, од кои на 1.263 барања е направена поединечна процена. Одбиени се 40 барања како некомплетни, 7 не се разгледани бидејќи се поднесени од ДООЕЛ-и, а 5 барања се препратени во други општини, каде што припаѓаат катастарските парцели“, истакна Северкоски.
Тој напомена дека збирниот извештај од процената на штетите ќе биде испратен до второстепената владина комисија. По добивањето на одговорот од Владата, Советот на Општина Прилеп ќе донесе одлука за сумата со која ќе бидат обештетени земјоделците.
Инаку, ова е прв случај кога една општина одделува буџетски средства за надомест на штета настаната на земјоделски производи, иако на тоа не е законски обврзана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.

