Црна хроника
Во Скопје за еден ден 11 сообраќајни несреќи
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои шест со лесни телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица добиле телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 62 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи, од кои: седум возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло и пет возачи поради неносење заштитен шлем.
Во текот на изминатиот ден издадени се 32 мандатни платни налози, а 41 возило се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

