Вести
САД се бранат од обвинувањата за касетните бомби

Вашингтон се обидува да се одбрани од обвинувањата дека на коалицијата на сунитските арапски земји којашто ја предводи најголемиот регионален американски сојузник Саудиска Арабија која воено интервенира во Јемен ѝ испорачувал касетни бомби, оружје коешто е забрането со меѓународни конвенции поради тоа што најголем број жртви од нив се цивили и деца.
„САД испорачуваат касетни бомби со почитување на строгиот услов тие речиси целосно да експлодираат“, изјави претставник на американското министерство за одбрана. Само помалку од еден отсто од тоа оружје не е експлодира, тврдат од Пентагон.
Меѓународната организација Human Rights Watch претходно во неделата објави дека Саудиска Арабија во бомбардирањата што нејзината воена авијација ги извршува во соседен Јемен, користи касетни бомби, во најмала рака контроверзно оружје забрането со договорот кој го имаат ратификувано повеќе од стотина земји. Тоа вооружување на Ријад му го испорачуваат САД, се додава извештајот.
„Нападите со касетни бомби се извршени во области во близина на села, со што е загрозено локалното население“, изјави Стив Гус од Human Rights Watch.
Касетните бомби се забранети со договорот усвоен во 2008 година, меѓутоа САД, Саудиска Арабија и Јемен не се потписници на таа спогодба.
„Примателите на таквото оружје мора да се обврзат дека тоа ќе биде користено само против јасно дефинирани воени цели, а не онаму каде се наоѓаат цивили или во населени области“, додаде американската страна во објава до медиумите.
Во октомври минатата 2014 година споменатата невладина организација чие седиште е во Њујорк обвини дека украинските сили лојални на Киев користеле касетни бомби во нападите врз упориштето на рускојазичните бунтовници во Донецк, како и дека тоа можеби тоа го правеле и проруските милиции. И двете страни тогаш ги демантираа ваквите наводи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.