Македонија
Судот донесе наредба да бидат приведени тројцата сведоци што не дојдоа да сведочат во „Топлик“
На денешното рочиште во кривичниот суд за предметот „Топлик“, судијата Осман Шабани донесе наредба да бидат приведени и донесени во судот тројцата сведоци што денеска не се појавија во судницата. Сведоците Емилија Путилин, Малинка Матевска и Василка Поп Ѓорѓиева ќе бидат донесени да сведочат на наредното рочиште закажано за 21 септември. На денешното рочиште ќе сведочат двајца сведоци на предлог на СЈО. Тие ќе одговарат на прашања на обвинителот Бурим Рустеми и адвокатите на обвинетите.
Првиот сведок била вработена во Министерството за транспорт и врски, во секторот за документирање и управување со градежно земјиште. Во 2007 година била член на Комисијата за јавно наддавање за оттуѓување државно градежно земјиште при Министерството.
Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во случајот обвинети се и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на Комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.
СЈО тврди дека, иако надлежната комисија во Министерството укажала дека не може да се продава земјиштетото за Сончев Град“ Јанакиески експресно формирал нова комисија, која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Бил склучен и купопродажен договор со фирмата „Сан сити“ во 2007 година, кoj четири години подоцна спогодбено е раскинат. Во овој случај Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на специјалното јавно обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.
ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.
Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Во сабота ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.