Македонија
(Видео) Клетников: Северна Македонија ни е билет за смрт, не за Европа

Сакаат да ја докусурат Македонија и да ја распаднат нацијата преку брутална и агресивна кампања, обвини Ефтим Клетников од „Македонски манифест“, според кого промената на името во Северна Македонија е директен билет за смрт, а не за Европа.
„Никогаш кај нас не доаѓале толку многу странци. Видете, Столтенберг сега вторпат доаѓа. Првпат дојде да го одликува Али Ахмети, кој беше водич на албанските терористи во 2001 година и да ја поддржи албанската платформа. Говорењето на Зоран Заев на македонски јазик во Брисел е уште еден штос. Тие македонскиот јазик го избришаа со договорот со Бугарија. Со Северна Македонија имаме билет за смрт, не за Европа“, рече Клетников.
Со договорот со Грција се укинува нашиот идентитет. Клетников забележа за преименувањето на аеродромот и автопатот, а тврди дека античка Македонија ѝ била подарена на Грција.
„Ние можеби вистина ќе влеземе во Европа како што вели премиерот, но по 15-20 години. Во Европа влегуваме како живи мртовци бидејќи влегуваме како Северна Македонија. Идентитетската смрт им е наменета на Македонците во Македонија. Не на Албанците, Бугарите и другите народи во Македонија. Ќе влеземе во Европа, ќе имаме плати до небо, тоа е лага до лага. Романците, кои се во Европа, станаа уште посиромашни. Се манипулира“, додаде Клетников.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов урбан парк во Марино, унапредување на јавната инфрастуктура во Општина Илинден, најави Георгиевски

Општина Илинден континуирано вложува во уредување и модернизација на јавниот простор во сите населени места, создавајќи современи и пријатни локации за квалитетно поминување на слободното време на граѓаните. Во таа насока, во населеното место Марино е изграден нов урбан парк со повеќе содржини, информираат од таму.
Паркот се наоѓа меѓу улиците „531“, „532“ и „534“ и зафаќа површина од околу 6.000 м². Просторот е партерно уреден, поставено е улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна сервисна улица. Паркот е збогатен и со зелени површини, отворен плоштад наменет за јавни настани, централна фонтана, жардињери со декоративни растенија, како и детско игралиште опремено со современи реквизити за најмладите.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот на плоштадот истакна дека уредувањето на јавните простори е од суштинско значење за подобрување на условите за одмор и рекреација на граѓаните.
„Општина Илинден и понатаму ќе продолжи со активности за унапредување на јавната инфраструктура и создавање урбано уредени простори во сите населени места низ општината“.
Македонија
Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово беше затекнато уништено.
Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле.
Случајот е пријавен во МВР.
„Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Покрај тоа, искршено е и фудбалското игралиште во овој парк. Ова, за жал, не е прв ваков случај на вандализам во нашата општина. Апелирам до сите граѓани да го чуваат јавниот простор и заедничките содржини создадени за спорт, рекреација и дружење“, порача Герасимовски .
Новата теретана се состои од 17 справи, а овие денови требаше да се постави и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење.
Македонија
Град Скопје поднесе кривична пријава против претседателката на Управниот одбор на „Комунална хигиена“

Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана Спироска – претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина, откако претходно денес Општина Аеродром поднесе кривична против претпријатието „Комунална хигиена“ за состојбата со натрупаното ѓубре во главниот град.
Од Град Скопје во пријавата наведуваат дека во периодот од 2022 година до денес, било констатирано дека поради активности на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје.
„Поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции повеќе од 3 години претпријатието е нефункционално“, велат од Град Скопје.