Македонија
Савески: Го ослободија Павле Богоевски, нас нè влечат по судови
Здравко Савески, активистот на Левицата, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека поради отсуство на обвинителката Снежана Бундалевска-Георгиевска, денеска во кривичниот суд во Скопје повторно било одложено рочиштето за него и за Владимир Куноски. Тие заедно со Мариглен Демири се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов за време на протестите на шарената револуција.
Савески на „Фејсбук“ напиша: „Пак ни го одложија судењето! Речиси две и пол години нè влечат за ништо по судови. СДСМ ќе дозволел независно обвинителство? А бе ајде. Обвинителката, немајќи аргументи и докази, намерно прибегнува кон одолжување на процесот бидејќи таков партиски налог доби. А јаки ми се провладините медиуми и организациите за човекови права. Молк за нашето малтретирање по судовите! Го ослободија Павле и замолкнаа! Нас што нè влечкаат по судови – не е важно! Не сте со нас – што ни е гајле за вашите човекови права! Берете ум луѓе, не само што не се променија работите туку набргу ќе станат уште полоши. Кој може, нека бега од земјата. Овде веќе нема иднина“.
Како што претходно објави „Макфакс“, скопските обвинители постојано ги одлагаат рочиштата за обвинетите во шарената револуција поради разни причини. Рочиштето за Мариглен Демири, кое го суди судијката Славица Андреевска, е закажано за 28 месецов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

