Македонија
(Видео) ДИК почнува кампања за референдумот: „Твој став – твое право“

„Твој став – твое право“ е слоганот со кој од утре Државната изборна комисија ќе почне кампања за информирање на граѓаните за референдумот, кој ќе се одржи на 30 септември. Од Комисијата појаснуваат дека ќе емитуваат три видеозаписи – едниот дел ќе биде од информативен карактер, а другиот ќе се однесува на едукација на гласачите за нивното гласачко право.
Претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски, посочи дека со оваа кампања се обиделе на најдобар можен начин да бидат неутрални и да не заземаат страна во однос на претстојниот референдум.
На денешната седница ДИК усвои и упатство за начинот на гласање на гласачките места на кои има запишано помалку од 10 избирачи. Станува збор за 81 гласачко место. Гласачите од овие избирачки места ќе гласаат во најблиските пунктови што не се подалеку од три километри.
Од ДИК информираат дека гласачките ливчиња ќе се печатат од страна на печатницата „Киро Дандаро“ од Битола за што се предвидени 13 милиони денари. Деркоски посочи дека се работи за голема заштеда и дека сумата е намалена значително во споредба со претходните изборни циклуси. Тој како пример ги посочи изборите во 2017 година кога биле издвоени 28 милиони денари и во 2016 година кога биле издвоени 48 милиони денари за печатење на гласачките ливчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените од синоќешниот натпревар меѓу Шкендија и Карабах се реприза на неодамнешната кумановска трагедија и предупреди дека селективното реагирање на вандализмот води кон лицемерие и цинизам.
„Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Но, хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка, доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, напиша таа.
Фејсбук статусот следи по уште еден спортски настан на кој, наместо фер плеј, доминираа националистички скандирања, меѓу кои и повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“. Иако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) апелираше за спортско навивање и воздржаност од провокации, дел од навивачите на натпреварот Шкендија – Карабах упатија навреди што предизвика осуди и реакции од јавноста.
Министерството за внатрешни работи информира дека веќе е започната постапка за идентификација на учесниците во инцидентот:
„Постапуваме врз основа на обезбедена видео и фото-документација. Со јавниот обвинител координираме следни чекори со цел целосно расчистување на случајот“, информираа од СВР Скопје.
Од Основното јавно обвинителство Скопје потврдија дека постапуваат во координација со МВР.
Дополнително загрижи фактот што натпреварот беше следен од повеќе високи функционери од власта и опозицијата, меѓу кои и вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, но и лидери на опозициски партии – Али Ахмети и Арбен Таравари.
Гаши, кој пред три дена остро ги осуди сличните скандирања во Куманово, овој пат преку Фејсбук упати честитка до навивачите, нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“.
Хелсиншкиот комитет реагираше дека говорот на омраза не смее да се игнорира и побара од МВР и надлежните институции итно и неселективно да го применат законот.
Спортските натпревари сè почесто стануваат место каде доминира говорот на омраза, а не спортскиот дух. Обвинителството веќе води постапка за националистичките повици на натпреварот во Куманово на 2 август.
Македонија
(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист во близина на Крушево, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Параглајдеристот нема сериозни повреди.
Претходно, попладнево од страна на полициската станица Крушево, ДЗС доби информација дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.
Бидејки локалните сили не можеа да го симнат повредениот параглајдерист, итно беше активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување,
Македонија
Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.
Настанот се реализира под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, како дел од заложбите за почитување на човековите права и обезбедување правна сигурност за сите, без исклучок, соопшти Управата за извршување санкции.
Со оваа регистрација, лицето се стекна со правен идентитет – важен предуслов за пристап до здравствена, образовна и социјална заштита, но и чекор напред кон успешна ресоцијализација.
Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност.