Вести
Околу 200 државјани на Таџикистан војуваат во Сирија и Ирак

Бројот на државјани на поранешната советска република Таџикистан, коишто учествуваат во џихадот на исламистите во Сирија и во Ирак, достигна 200 лица, изјави во саботата таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон во говорот пред делегатите на конгресот на неговата Народно-демократска партија кој се одржува во главниот град Душанбе.
Бројот на државјани на поранешната советска република Таџикистан, коишто учествуваат во џихадот на исламистите во Сирија и во Ирак, достигна 200 лица, изјави во саботата таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон во говорот пред делегатите на конгресот на неговата Народно-демократска партија кој се одржува во главниот град Душанбе.
Рахмон, притоа, ја нарекол џихадистичката терористичка организација Исламска држава „чума на XXI век и светска опасност“. Таџикистанскиот претседател истакнал и дека „без разлика дали станува збор за талибаните, Ал Каеда или Исламската држава, сите тие имаат една цел а проблемот е што некои сили ги користат тие групи против самите муслимани“, пренесува РИА Новости.
„Активностите на Исламската држава се крајно опасни за светот и за Таџикистан. Таџикистанските млади луѓе на најразлични начини му се приклучуваат на ова движење, на џихад се одѕиваат цели семејства“, предупредил Рахмон. Тој ги повикал сонародниците „да не бидат рамнодушни и да и` се спротистават на оваа опасност“.
Групацијата Исламска држава којашто се оддели од глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, стана најголемата радикална сунитска исламистичка групација којашто се појави на боиштето во Сирија во 2013 годинана под името Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL), а во почетокот на јуни 2014 година започна офанзива во соседен Ирак каде што зазема големи територии на коишто прогласи исламски калифат и го смени името во Исламска држава (IS).
Во нејзините редови, според процените на разузнавачките служби, се борат илјадници џихадисти од целиот свет, вклучително и стотици од Балканот, западна Европа и САД./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.