Свет
Салвини до Московици: „Измиј си ја устата пред да ја навредуваш Италија!“

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини жестоко го нападна економскиот претставник на ЕУ, Пјер Московици, велејќи му да си ја измие устата, по забелешката на Московици за ширењето на „малите Мусолини” низ Европа, пренесува „Раша тудеј“.
Московици, кој е еврокомесар за економски и финансиски прашања, изрази стравување поради подемот на десничарските сили во некои земји, споредувајќи ја ситуацијата со времето на Втората светска војна.
„За среќа нема звук на строев марш, нема Хитлер, но можеби има мали Мусолини. Тоа останува да се види”, изјави тој во Париз во четвртокот.
Забелешката не наиде на добар прием во Рим, од каде вицепремиерот и лидер на антимигрантската евроскептична „Северна лига“, жестоко му возврати.
„Тој треба да ја измие устата пред да ги навредува Италија, Италијанците и нивната легитимна влада”, рече Салвини.
Тој, исто така, ја советуваше Франција, татковината на Московици, да ги разгледа сопствените дела, како бомбардирањето на Либија, наместо да ја критикува италијанската мигрантска политика.
Бесниот одговор беше објавен од партијата на Салвини заедно со сатирична слика на Московици додека го бакнува шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Париз и Рим неодамна ги вкрстија сабјите околу имиграцијата. Кон крајот на август, Салвини го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан, гласен критичар на ЕУ за справувањето со мигрантските прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.