Вести
Уште една жртва на коронавирусот во Ј.Кореја

Трет пациент заболен од коронавирусот на блискоисточниот респираторен синдром починал во Јужна Кореја, објавија тамошните власти во четвртокот појаснувајќи дека станува збор за 82-годишно лице.
Според јужнокорејското министерство за здравство, во моментов бројот на инфицирани лица со споменатиот вирус се искачил на 36. Во карантин се ставени 1.369 луѓе, кои биле во контакт со лицата кај коишто лабораториски било дијагностицирано присуството на коронавирусот на блискоисточниот респираторен синдром (MERS).
Новиот коронавирус или nCoV е од фамилијата вируси од којашто потекна и SARS-от (Severe Acute Respiratory Syndrome – SARS – Тежок акутен респираторен синдром познат и како „атипична пневмонија“), заразна болест која првпат беше откриена во ноември 2002 година во јужниот дел на Кина од кој починаа повеќе од 800 луѓе, а се прошири во 29 држави. И покрај тоа што имаше релативно мал број случаи регистрирани во светот, опасноста од инфекции и ширење на епидемијата е реална бидејќи широката светска популација нема стекнато имунитет. Како и SARS-от, и коронаворусот nCoV и другите слично вируси, може да предизвикаат кашлање, температура и воспаление на белите дробови.
Научниците будно следат за да воочат знаци на мутација на вирусот nCoV со која тој полесно би се пренесувал на повеќе приматели како што се случи со SARS-от кој предизвика пандемија.
Експертите на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) коишто летото 2013 година престојуваа во Саудиска Арабија оценија дека е можно вирусот да се пренесува од човек на човек, меѓутоа само доколку двете лица се изложени на долготраен контакт. Смртноста од ова заболување достигнува 40 отсто./крај/мф/сн
Извор: CCTV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.