Контакт

Вести

Обама: Нуклеарната закана и натаму постои, треба да се стори сé да се намали

Објавено пред

Американскиот претседател изјави дека се залага за намалување на нуклеарниот арсенал на САД, оценувајќи исто така дека нуклеарната закана во светот и натаму постои, како и оти треба да се стори сé за таа да се намали, а се задржи и на повеќе други прашања од американската претседателска трка до слободата на говорот во Турција.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на САД на собирот на кој беше домаќин на повеќе од 50 светски челници, предупреди на постојаната закана од терористите кои се обидуваат да дојдат до нуклеарен материјал и покрај напредокот повика да се стори повеќе на тој план. На почетокот од состанокот оцени дека е „остварен значителен напредок“ и додаде дека потребните 102 земји го ратификувале амандманот на договорот за нуклеарна стабилност, кој ќе ги јакне мерките против кражба и криумчарење на нуклеарните материјали.

На средбата со новинарите по завршувањето на самитот за нуклеарна безбедност кој се одржуваше во четвртокот и петокот во Вашингтон во присуство на повеќе од 50 светски челници, американскиот претседател Барак Обама изјави дека од договорот СТАРТ 2 склучен со Русија е намален бројот на активното нуклеарно оружје.„

„Мојата желба и натаму е да го намалиме нашиот нуклеарен арсенал, …но сепак и натаму мора да функционира нашата можност за нуклеарно одвраќање“, рече Обама.

„Додека го намалуваме бројот на нуклеарните оружја во наша контрола, сакам да бидам сигурен дека истовремено чуваме некои одговорности“, рече Обама кој му забележа на рускиот претседател Владимир Путин, чијашто земја на вашингтонскиот нуклеарен самит учествуваше во улога на набљудувач, фокусирајќи се на изградбата на руската армија „ја јакне војската во Русија на штета на економскиот развој“ што би го забавило напредокот кон следната фаза од намалувањето на нуклеарното вооружување

„Од неговото (на Путин) доаѓање на власт,не утврдивме напредок на којшто се надевав“, рече Обама.

На својот четврти и последен нуклеарен самит, овојпат посветен на спречувањето на нуклеарниот тероризам, за кој се стравуваше дека нема да даде некакви позначајни одлуки поради отсуството на рускиот претседател, Обама нагласи дека светските челници договориле дека нуклеарниот материјал мора да биде обезбеден.

„Сé уште постои големо количество нуклеарен и радиоактивен материјал ширум светот кој мора да биде обезбеден. Глобалните складишта на плутониум растат. Нуклеарните арсенали се шират во некои земји со сé поголем број мало тактичко нуклеарно оружје на кој му се заканува голем ризик од крадење“, изјави Обама за новинарите. Додаде дека во светот постојат околу 2.000 тони складиран радиоактивен материјал и дека дел од тоа количество не е обезбеден на вистински начин.

„Нема сомнение дека лудаците, доколку некогаш дојдат до нуклеарна бомба или нуклеарен материјал, ќе се обидат со тоа да убијат што е можно повеќе луѓе.тоа би го променило нашиот свет“, рече Обама.

Притоа ги издвои екстремните исламистичкки организации Ал Каеда и Исламската држава, велејќи дека меѓународната заедница не смее да се опушта. Истакна дека досега ниедна група не успеала да дојде ди нуклеарен материјал, но дека Ал Каеда долго време тоа го посакува, а и оти постојат сомневања дека Исламската држава би можел како цел да си ги постави нуклеарните постројки, да украде материјал и да развие ткн радиоактивни „валкани бомби“.

На самитот беше усвоена декларација за борба против ширењето на нуклеарното оружје и материјали, во којашто се вели дека мора да се стори повеќе за да се оневозможат недржавните фактори да дојдат во посед на нуклеарен и друг радиоактивен материјал. Заканата од нуклеарниот тероризам останува и натаму голем предизвик за меѓународната безбедност, а заканата постојано се зголемува, се вели во декларацијата.

Обама на прес-конференцијата ги оправда и воздушните удари врз екстремистичките мрежи, многу често со беспилотни летала, во земји како Пакистан, Јемен, Домалија и од неодамна Либија.

Притоа Обама призна и дека нема сомнение оти цивили се убиени во некои американски напади со беспилотни летала врз терористички цели. Но рече дека САД денес имаат добри методи за да се избегнат невините жртви. Меѓутоа, критиките во минатото биле легитимни, бидејќи нема сомнение дека е убиени цивили. „Последните години работевме за да избегнеме да се случуваат таквите трагедии“, рече американскиот претседател.

Американскиот претседател Барак Обама изјави и дека е вознемирен од трендот на кастрењето на слободата на медиумите во Турција, повикувајќи го турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да не спроведува стратегија на репресија и исклучување на демократската расправа во неговата земја.

Обраќајќи им се на новинарите по завршувањето на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама изјави дека соработката на Турција со САД била критична на бројни меѓународни прашања, и покрај несогласувањата меѓу двете земји, пренесува Reuters.

„Сметам дека начините на коишто им пристапуваат на медиумите, би можеле да ја одведат Турција на патот кој е многу загрижувачки“, заклучи Обама.

Покрај тоа, Обама ја коментираше и изјавата на водечкиот републикански кандидат за негов наследник Доналд Трамп, дека Јужна Кореја и Јапонија би требало да набават нуклеарно оружје, велејќи дека тоа покажува оти Трамп не е доволно информиран за меѓународните односи.

Додаде дека таквите изјави говорат дека лицето коешто ги изнесува не знае многу за надворешната политика, нуклеарната политика, Корејскиот полуостров или светот воопшто.

Обама го одржа првиот самит за нуклеарна безбедност пред речиси шест години, по говорот во Прага во 2009 година, во кој постави цел – свет без нуклеарно оружје. Сега се поставува прашањето дали неговиот наследник во Белата куќа, кој ќе се избира на 8-ми ноември годинава, ќе го стави ова како свој висок приоритет, што засега не е сигурно.

Неговата администрација беше иницијаторот за овие самити, а доправа треба да се дефинира кој ќе ја преземе таа улога по неговото заминување. Ви својот историски говор во Прага во април 2009 година за „светот без нуклеарно оружје“, Обама предупреди дека ризикот од „нуклеарен напад“ претставува „најдиректната и најекстремната закана за светската безбедност“.

Првиот самит за нуклеарната безбедност беше одржан во 2010-та во Вашингтон, а потоа следеа самитите во Сеул во 2012-та и во Хаг во 2014 година.

Самитот се одржуваше во еден од најдраматичните моменти, откако белгиските и светските медиуми по исламистичките напади во Брисел од 22-ри март известија дека исламистичката ќелија имала намера да произведе радиоактивна ткн „валкана бомба“. Беше известено, исто така, дека е пронајден убиен во неговиот стан припадник на обезбедување на една белгиска нуклеарка и оти притоа исчезнала неговата пропусница.

Само два дена по бриселските терористички напади, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) предупреди дека „тероризмот се шири и дека можноста да се употребат нуклеарни материјали не може да се исклучи“..

Координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил де Кершов во саботата предупреди дека во следните пет години би можел да дојде до „кибернетички напад“, односно преземање контролата врз нуклеарна централа преку интернет. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија6 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија7 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија8 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ10 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија11 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија12 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија12 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија12 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа12 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет13 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет15 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет15 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет15 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет15 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија23 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...