Спорт
Сари: Азар може да постигне 40 гола
Маурицио Сари, менаџерот на Челси, во ниту еден момент не пропушта да го пофали својот најдобар играч, Еден Азар.
„Му кажав дека оваа сезона може да постигне 40 гола“, рекол Сари и дополнил.
„Тој постепено треба да докажува некои работи, убеден сум дек…
Маурицио Сари, менаџерот на Челси, во ниту еден момент не пропушта да го пофали својот најдобар играч, Еден Азар.
„Му кажав дека оваа сезона може да постигне 40 гола“, рекол Сари и дополнил.
„Тој постепено треба да докажува некои работи, убеден сум дека го може тоа. Верувам дека може да ја освои ‘Златната копачка4 во Премиер лигата“, рекол Сари, алудирајќи на тоа дека Белгиецот може да биде најдобар стрелец во лигата.
Азар, во саботата, постигна хет-трик против Кардиф. На почетокот од сезоната тој има просек од гол по натпревар, пет гола на пет средби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ со триумф го започна АО – Со пресврт го победи анонимусот Басавареди
Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Австралија опен. Во првото коло, со мали проблеми, го победи 107. играч на АТП листата, Американецот Нишеш Басавареди со 3:1 (4:6, 6:3, 6:4, 6:2).
Десеткратниот шампион на гренд слемот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ по три часа игра го совлада 19-годишниот Басавареди. Имаше проблеми Ѓоковиќ со мотовираниот противник, кој наметна силно темпо од самиот старт. Еден брејк му беше доволен да го добие првиот сет.
Ѓоковиќ прв пат по 19 години му се случи да го загуби првиот сет, во првиот меч на Австралија опен.
Србинот имаше проблеми и во вториот сет, не ги користеше брејк шансите, се до осмиот гем кога направи брејк, а потоа сервираше и го освои сетот. Тој момент беше клучен за конечниот исход.
Басавареди стана жртва на пеколното темпо кое го наметна. По завршувањето на вториот сет поради грчеви побара медицински тајм-аут. Не успеа да се опорави, Ѓоковиќ направи брејк веднаш во првиот гем од третиот сет, а потоа рутински го чуваше својот сервис.
Брејк во првиот гем, Ѓоковиќ направи и во четвртиот сет, а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот и се пласира во втората рунда.
„Почетокот беше одличен, Нашиш беше подобар од мене сет и пол, силно удираше, така што ми беше тешко и навистина морам да му честитам. Да бидам искрен, начинот на кој игра е одличен бидејќи овие натпревари се тешки и проблематични, бидејќи, ова е негов прв Грен слем натпревар и тој е вистински натпреварувач. Пријатно ме изненади со начинот на кој играше и со спортскиот дух што го покажа“, изјави Ѓоковиќ.
Противник во ворото коло ќе му биде Хаиме Фари.
Спорт
Кјер и официјално замина во пензија
Данецот Симон Кјер стави крај на професионалната кариера. Кјер беше без клуб од 30.јуни кога го напушти Милан.
Последниот натпревар во кариерата го одигра на 8.јуни во дресот на националниот тим против Норвешка.
Тој летово имаше неколку понуди од екипи од Лигата на шампионите, но сите ги одби.
„Сега навистина е време да го завршам овој дел од мојот живот. Во мислите сакав да ја завршам кариерата во Милан. Знам дека досега во мојот ум и со процесите во мојата глава, не можев да замислам подобар крај на мојата кариера“, рече тој.
Инаку, овој фудбалер во текот на својата кариера настапуваше за Митјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севилја, Аталанта и Милан.
За данската репрезентација одигра 132 натпревари, постигнува пет гола.
Спорт
Филкруг ќе отсуствува неколку недели
Вест Хем неколку недели нема да може да смета на услугите на германскиот напаѓач Никлас Филкург. Напаѓачот се повреди во петокот, за време на натпреварот од третото коло на ФА Купот против Астон Вила (1:2).
Филкруг пристигна во Вест Хем во август 2024 година и оттогаш одигра 11 натпревари, во сите натпреварувања, постигна два гола.
Отсутвото на Филкрук е дополнителен проблем за новиот тренер на Вест Хем, Геам Потер. Од претходно, сезоната ја заврши Микел Антонио, кој преживеа страотна сообраќајна несреќа.
Инаку, Филкруг во кариерата играше за Вердер Бремен, Нирнберг, Гројтер Фурт, Хановер и Борусија Дортмунд.