Свет
Путин и Ердоган на средба за ситуацијата во Идлиб
Претседаталите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоан, денеска се среќаваат во градот Сочи на Црното Море за да разговараат за дипломатско решение за кризата во сириската провинција Идлиб, која е под контрола на бунтовниците.
Тоа ќе биде нивна втора средба за само 10 дена, откако Русија и Иран изразија поддршка за идејата на Идлиб да се изврши офанзива од страна на владините сили, објави агенцијата АП.
Провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, моментно е најсилното упориште на опозицијата, наведува американската новинска агенција.
Турција сака да ја спречи можната офанзива на владините сили во таа област, залагајќи се за дипломатско решение, додека Русија смета дека Идлиб е рај за терористите и верува дека сириската влада има право да ја преземе контролата врз оваа област, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) ФБИ: Спречивме потенцијален терористички напад на Нова Година
ФБИ објави дека спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина во пресрет на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од постапките на ИСИС, пишува „ABC News“.
„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа Икс.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка.
„Им благодариме на нашите одлични партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.
Свет
Медведев за Зеленски: „Кловнот избра нов шеф на својот кабинет – терорист“
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го коментираше назначувањето на шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, иронично нарекувајќи го одличен избор за позицијата началник на кабинетот на Владимир Зеленски.
„Проклетиот кловн, кој го изгуби својот легитимитет, избра нов шеф на својот кабинет. Тоа е терористот Буданов. Одличен избор“, изјави Медведев за руските медиуми.
Како што изјави, штета е што е празно само едно место, истакнувајќи дека „второто место требало да му се понуди на истакнатиот воен командант Валериј Залужни“.
Според него, ова би ги отстранило двајцата потенцијални противници на претседателските избори од шаховската табла.
Сепак, тој верува дека ова нема да му помогне на украинскиот претседател, чија судбина, додава тој, е веќе запечатена.
Зеленски го назначи шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов (на списокот на терористи во Русија), за шеф на својот кабинет, потсетуваат медиумите.
Таа позиција беше испразнета откако Зеленски го отпушти Андреј Јермак поради негова вмешаност во корупциски скандал.
Регион
Трагедија во Дубровник: тело на маж од БиХ извлечено од морето: бил повлечен во водата додека се фотографирал со семејството
Телото на граѓанин на Босна и Херцеговина беше извлечено од морето на бродот на Пристанишната управа на Дубровник по долга и исклучително тешка борба со многу високи бранови, објави Хина.
Капетанот на пристаништето во Дубровник, Мато Кекез, претходно потврди дека телото на маж е пронајдено во морето на 200 метри од брегот, кое утрово го повлекле брановите во морето од карпата во подножјето на ѕидините на Дубровник.
Мажот бил повлечен од брановите во морето од карпата додека тој се фотографирал со семејството.
Бродот на Капетанот на пристаништето, тројца вработени во поморската гранична полиција, двајца пожарникари и еден нуркач беа на позиции за спасувачка акција , но времето беше многу лошо, што го отежнуваше извлекувањето на телата.
Заедно со Пристанишната управа и полицијата, во потрагата учествуваа и членови на ХГС С и граѓанинот Доминко Радиќ.
„Најдов еден пар патики. Не можам да се приближам, ниту пак службите на капетанот, нема теоретска шанса. Брановите се високи од четири до пет, па дури и шест метри понекогаш“, ја опиша ситуацијата Радиќ.

