Скопје
Шилегов: Прекините во водоснабдувањето во Аеродром ќе бидат минато
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски, денеска извршија увид во градежните работи за поставување водоводна цевка во Аеродром.
„Прекините на водоснабдувањето во Аеродром ќе бидат минато за граѓаните на оваа општина. Непланскиот развој и нејзината брза урбанизација, за жал, не ја следеше и изградба на соодветна инфраструктура, токму поради тоа во изминатиот период граѓаните на општина Аеродром и дел од Кисела Вода имаа проблем со водоснабдувањето. Со поставување на цевката со пречник ∅ 400 очекуваме во целост да им ги решиме проблемите со прекините во водоснабдувањето на жителите во општина Аеродром и Кисела Вода, особено на тие што живеат на погорните катови на висококатниците во Аеродром“, истакна Шилегов.
Оваа водоводна линија поврзува две општини во Скопје, Аеродром и Кисела Вода.
„Град Скопје и ЈП ‘Водовод и канализација’ и во иднина ќе се грижат за вистинските интереси на граѓаните. Ќе инвестираме во нова водоводна и канализациска мрежа за да обезбедиме поквалитетни услуги на нашите сограѓани. Ќе продолжиме и понатаму парите од даноци и комуналии да ги користиме за решавање на клучните проблеми на граѓаните кои беа запоставувани во изминатиов период од претходната градска администрација“, порача Шилегов.
Тој додаде дека Град Скопје не смее во 21 век да се соочува со ваков тип проблеми како последица од непланската урбанизација и дека само со одговорно планирање на урбанизацијата на градот во иднина ќе се спречат ваквите проблемите кои го попречуваат нормалното функционирање на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“, Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона.
„Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален јавен простор“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Проектот има за цел уредување на јавниот простор и воведување организиран резидентен паркинг. Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 квадратни метри, на потегот од „Партизански одреди“ до улицата „Никола Тримпаре“.
Во рамки на зафатот се предвидува инсталирање ново улично осветлување, поставување клупи и канти за отпад, како и целосна реконструкција на коловозот и тротоарите со поставување гранитни и травертин плочи.
На дел од улицата се поставува нова водоводна и атмосферска мрежа, додека фекалната канализација е веќе изведена, а каблите на ЕВН се спуштени под земја.

Проектот е изработен во соработка со Архитектонскиот факултет и вклучува уредување на зелените површини, замена на исушените дрвја со нови садници и поставување ниско зеленило, соопшти Општината.
Проектот се финансира со 70% средства од Светска банка, додека преостанатите 30% се покриени од буџетот на општина Центар.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

