Спорт
Федерер: Се надевам дека некој нема да ме копира во иднина
Роџер Федерер вели дека нема проблем со тоа што дел од неговите тениски рекорди ќе бидат срушени во иднината, но додава дека навистина не би сакал да се појави тенисер кој ќе игра со ист стил како него.
„Секогаш ќе има добри тенисери во иднина, тенисер…
Роџер Федерер вели дека нема проблем со тоа што дел од неговите тениски рекорди ќе бидат срушени во иднина, но додава дека навистина не би сакал да се појави тенисер што ќе игра со ист стил како него.
„Секогаш ќе има добри тенисери во иднина, тенисери што ќе имаат сличен приод кон тенисот како мене. Но, се надевам дека никој нема да ме копира бидејќи тоа не е убаво и не треба да копираш никого. Верувам дека е потребно да имаш сопствен природен стил, да не се преправаш дека си некој друг. Секако, ќе го следам тенисот и кога нема да играм бидејќи за мене тоа е голем спорт со големи личности. Те го следат секој чекор на ТВ и не можеш да се криеш кој си. Тенисот секогаш ќе биде многу добар спорт“, вели Федерер.
Швајцарецот исто така смета дека сега неговиот препознатлив бекхенд е поинаков отколку во минатото.
„Мислам дека сега имам многу помоќен бекхенд. Секогаш сум играл добро бекхенд, но сега со поголем рекет сум подобар. Секако, има подобри и полоши денови“, додава Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Арсенал не заслужи да загуби, но ние заслуживме да победиме“
Манчестер јунајтед на пенали го победи Арсенал и се пласира во четвртата рунда во ФА купот. „Црвените ѓаволи“ славеа со 5:3 во пенал серијата, откако претходно по 90 и 120 минути игра резултатот беше 1:1.
Апосолутен херој на „Емирати“ во Лондон, беше голманот на Јунајтед Алтај Бајиндир. Во регуларниот тек му одбрани пенал на Мартин Одегард, а во пенал рулетот го одбрани и ударот на Каи Хаварц. Покрај тоа во текот на натпреварот имаше неколку брилијантни интервенции.
„Арсенал не заслужи да загуби, но ние заслуживме да победиме“, изјави Рубен Аморим менаџерот на Манчестер јунајтед за Би-би-си.
Манчестер јунајтед, в четврток во Премиер лигата ќе игра против Саутемптон. За Јунајтед дуелот со најслабиот тим во Премиер лигата е можност да ја орекина лошата серија, на последните четири натпревари во превенството тимот на Аморим освои само еден бод.
Спорт
Перез до Модриќ: Еднаш и ние моравме да загубиме финален меч
Барселона го освои шпанскиот Суперкуп. До 15.трофеј во ова натпреварување, Барселона дојде на доминантен начин, го победи најголемиот ривал Реал Мадрид со 5:2.
И покрај тоа што Реал поведе, Барселона до полувремето постигна четири гола, а во вториот дел ја заврши работата, иако од 52. минута играше со фудбалер помалку.
Лука Модриќ играше од 64. минута и не успеа да го освои својот 29. трофеј во дресот на Реал.
Шпанската телевизија „Мовистар“, објави дека претседателот на Реал, Флорентино Перез му пришол по натпреварот и му рекол: „Еднаш моравме да загубиме финале, нели?“
Ова е трето загубено финале за Модриќ со Реал Мадрид. Тие загубија и во финалето на шпанскиот Суперкуп во сезоната 22/23, како и во Суперкупот на УЕФА 2018 година.
🚨🗣️ Florentino Perez to Luka Modric: "At some point, we had to lose a final no?" @MovistarFutbol pic.twitter.com/MgBEKwGhW0
— Madrid Zone (@theMadridZone) January 12, 2025
Спорт
Циципас испадна од Австралија опен
Стефанос Циципас ја потврди лошата форма и уште на стартот испадна од Австралија опен.
Грчкиот тенисер загуби од Алекс Микелсен со резултат 1:3 (5:7, 3:6, 6:2, 4:6).
Циципас влезе во натпреварот поагресивно од Микелсен. Американецот имаше висок процент на освоени поени на првиот сервис, што не му дозволи на грчкиот играч шанса за брејк.
Сепак, при 6:5 за Микелсен, концентрацијата на Циципас падна и го загуби првиот сет по 40 минути игра.
Циципас го промени пристапот во вториот сет, но тоа не му донесе никаков резултат. Повторно не можеше да дојде до брејк топка во текот на целиот сет, а Микелсен повторно ја искористи единствената можност што му се укажа во осмиот гем кога ја искористи втората брејк шанса. Американецот поведе со 2-0 во сетови и веќе беше на повидок мало изненадување.
Ќе беше премногу Гркот да си замине од Мелбурн без загубен сет, па сепак го намали резултатот. Мора да се признае, и покрај резултатот од 6:2, не беше така лесно. При 4:2 за Циципас, Микелсен имаше брејк топки кои можеше да ги искористи за да се врати во сетот, но не ги искористи и Циципас се врати во живот.
Четвртиот сет беше полн со возбудувања. Микелсен направи брејк на стартот и го задржа водството на 3:2, а потоа следуваше серија од четири гема со брејкови.
Микелсен одлично сервираше до крајот и забележа победа по два часа и 45 минути игра. Во следното коло противник ќе му биде победникот од дуелот Ландалус – Макаби.