Македонија
Џафери: Членство во НАТО подразбира голема одговорност и активен придонес во зачувување на мирот и безбедноста
Сите ние, и како граѓани, а и како политичари, сме пред еден историски момент, момент од кој зависи нашата сегашност, меѓутоа ќе зависи и нашата иднина. Не треба да потсетувам дека пред дваесет и седум години, кога на референдум граѓаните се определија за самостојна Република Македонија, пратениците од првиот состав таа определба ја преточија во уставно правна рамка и тогаш беа утврдени и стратешките цели на нашата држава, а тоа се целосна интеграција во НАТО и ЕУ. И сега, тој историски момент е навистина пред нас, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, на Конференција на тема „НАТО интеграцијата-предуслов за безбедност и развој“.
„На крајот на месецов, граѓаните на референдум ќе треба да решат дали го прифаќаат Договорот од Преспа, зад кој застанаа Владите на Република Македонија и Република Грција. Јас сум убеден дека овој Договор ќе биде прифатен од граѓаните, затоа што знаат дека со тоа ќе ни се отворат вратите за полноправно членство во НАТО сојузот и ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. Затоа, и како политичар, и како граѓанин, верувам дека со мнозинско ЗА на референдумот на 30-ти септември, ќе потврдиме дека како граѓани и како држава цивилизациски припаѓаме на Европа и ги прифаќаме и споделуваме европските вредности. Убеден сум дека мнозинството граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, се свесни дека преку целосна интеграција во НАТО и ЕУ, обезбедуваме стабилна сегашност, безбедност и многу поперспективна иднина“ рече Џафери.
Членството во НАТО, според Џафери, не треба да се разбере во насока дека сега некој однадвор ќе ја врши нашата должност, ќе не брани и ќе се грижи за нашата безбедност.
„Напротив, членство во колективните безбедносни системи како што е НАТО, подразбира голема одговорност и активен придонес во зачувување на мирот и безбедноста, не само дома туку и на глобално ниво, бидејќи свесни сме дека мирот е неделива категорија. Припадниците на нашата армија досега учествувале и учествуваат во повеќе мировни операции ширум светот. Притоа, иако нашата армија е мала, сепак секојдневно потврдува дека има добро обучени војници и старешини кои ефикасно и одговорно ги исполнуваат дадените задачи. Односно, имаме армија која ги исполнува стандардите на НАТО“ истакна Џафери.
Тој објасни дека НАТО не е само воена организација туку има многу значајна цивилна димензија, која пред сè е насочена кон целосно функционирање на правната држава, почитувањето на човековите права и слободи, односно почитувањето и применувањето на сите демократски стандарди врз кои денеска се темели парламентарната демократија.
„Верувам дека во текот на ова школување, сите овие димензии на алијансата ќе бидат презентирани пред слушателите кои се млади луѓе од Армијата на Република Македонија, потоа млади дипломци кои ги интересираат овие прашања, како и претставници на невладиниот сектор, на партиските подмладоци и така натаму. Со еден збор, млади луѓе кои утре ќе ги уживаат придобивките од интеграцијата во НАТО и ЕУ, но во исто време ќе ги извршуваат и обврските кои произлегуваат од членството“ Џафери им порача на присутните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.
Македонија
СДСМ: Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“
Имаме и ние „Ќаци“ препишувачи. Ова безидејно ДПМНЕ целосно го копира Вучиќ, реагираат од СДСМ, на изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, праќа денеска соопштение ДПМНЕ „Заев од Дубаи“ ги пишува текстовите на СДСМ. Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“. СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот“. Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“. Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа. Бадијала им е на македонските „Ќаци“ препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен“, пишува во реакцијата.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.

