Свет
Трамп во увид на штетите од ураганот Флоренс
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе допатува во Северна Каролина, сојузна држава која претрпе огромни штети при налетеот на ураганот Флоренс.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сендерс, потврди дека Трамп планира да замине за Северна Каролина, објави агенцијата АП.
Во деновите по првичниот удар на силниот ураган, Северна Каролина се бори со поплави, а граѓаните на Вилмингтон стојат во редови за бесплатна храна, вода и ќебиња.
Во налетотот на ураганот загинаа најмалку 34 лица во три сојузни држави, односно Северна и Јужна Каролина и Вирџинија.
Ураганот Флоренс, кој достигна четврта категорија, моментно е само дожд и ветровита маса со низок воздушен притисок, но забрзува на патот кон густо населениот североисток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун
За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.
Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.
Свет
Потврдено е дека во Мексико се пронајдени телата на исчезнатите туристи
Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви откако нивните тела ги идентификувале нивните родители.
Јавниот обвинител Елена Андраде им кажа на родителите и дипломатските службеници дека мексиканските власти целосно ќе се посветат на истрагата за да ги изведат одговорните за злосторството пред лицето на правдата, пренесува Ројтерс.
Телата на браќата Калум (33) и Џејк (30) Робинсон од Австралија и американецот Картер Роуд (30) беа пронајдени на дното на бунар во мексиканската држава Долна Калифорнија минатата недела, по повеќедневна потрага.
Свет
Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад
Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви на белоруска територија, што може да се користи за терористички акти во Русија.
Алејник за РИА Новости изјави дека во текот на оваа и минатата година биле запрени 40 канали за транспорт на оружје и експлозиви од Украина на територијата на Белорусија и оценил дека тоа е загрижувачка информација.
Тој додаде дека Комитетот за безбедност на Белорусија неутрализирал 20 и притворил околу 30 диверзанти кои преминале од Украина во Белорусија и подготвувале терористички акти.