Спорт
Втор ден ЛШ, Реал ќе ја пречека Рома
Вечерва ќе биде комплетирано првото коло од 27.сезона во Лигата на шампионите. На програмата се дуелите во групите Е, Ф, Г и Х. Шампиониот од претходните три сезони Реал, на домашен терен, одбраната на титулата ќе ја започне против полу-финалистот од м…


Вечерва ќе биде комплетирано првото коло од 27.сезона во Лигата на шампионите. На програмата се дуелите во групите Е, Ф, Г и Х. Шампиониот од претходните три сезони Реал, на домашен терен, одбраната на титулата ќе ја започне против полу-финалистот од мината сезона, Рома.
Покрај натпреварот во Мадрид, интересни пресметки се очекуваат ви Лисабон и во Валенсија. Бенфика ќе го пречека Баерн, додека Јувентус со Кристијано Роналдо ќе гостува на „Местаља“ во Валенсија.
Денешната програма повторно нуди два натпревари во терминот од 18:55 часот. Во Е-групата ќе играат Ајакс-АЕК Атина , а во Ф-групата ќе се сретнат Шахтјор-Хофенхајм.
Останатите дуели се од 21 часот:
Група Е:
Бенфика-Баерн Минхен
Група Ф:
Манчестер сити-Олимпик Лион
Група Г:
Викторија Плзен-ЦСКА Москва
Реал Мадрид-Рома
Група Х:
Јанг Бојс-Манчестер јунајтед
Валенсија-Јувентус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.