Топ
Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола, за сторени три кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
На 16 и 17 април годинава во Битола на улица Караорман првопријавениот во својот дом силувал 12-годишно дете од Битола. Во летниот период во 2017 година на паркинг-простор во Битола второпријавениот го силувал истото дете. Исто така, во февруари оваа година второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.
Засега не се познати повеќе информации во врска со грозоморниот чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 09.07.2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. постапиле спротивно на законските одредби и без да поседуваат дозвола за управување на отпад на предметните парцели складирале и транспортирале отпаден материјал, а на 09.07.2025 околу 08.45 часот складираниот отпад се запалил и бил предизвикан неконтролиран пожар.
Од страна на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РСМ извршени се мерења и утврдено е зголемено ниво на загаденост од горењето на складираниот отпад.
Македонија
Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, денес положија цвеќе на местото каде ќе биде изграден меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница.
„Денес не почнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред четири години на ова место се случи трагедија, која не смее да се заборави, но институциите четири години молчеа. Не презедоа ништо, избраа да не гледаат, а тоа молчење беше неправда за тие што ги изгубија животите и за сите тие што секојдневно ја бараат правдата. Овој проект не е за сликање. Овој парк не е украс. Тој е задоцнет одговор што системот требаше да го даде одамна, но денес конечно започнуваме и тоа почнуваме поинаку“, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој појасни дека овој проект е почнат само неколку недели по преземањето на функцијата министер за здравство во насока на одговорност и потенцира дека меморијалниот парк нема да има прави патеки, бидејќи ни животот не бил правичен за овие луѓе.
„Архитектурата ја следи филозофијата на прекината рамка, свиени патеки, дрвја што создава сенка за размислување и рефлексија, симболичен центар за да се памети и да се вети дека ова нема да се повтори повеќе. Немаме луксуз да заборавиме и немаме веќе право да доцниме. Овој парк е повеќе од простор. Тој е културен пресврт, јасна одлука против молчењето покана за размислување и ветување дека институциите мора да бидат блиску до граѓаните. Не само по трагедиите, туку и пред нив. Ние се сеќаваме дејствуваме и градини систем што не заборава“, истакна Алиу.
Македонија
Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Водоводните претпријатија се согласни на оваа измена и заедно со Регулаторната комисија подготвуваат измена на законските решенија.
„Сега има еден посложен процес за определување на цените на водните услуги. РКЕ носи една одлука, со која се определува минимална и максимална цена за секоја соодветна услуга што ја даваат водоводните претпријатија и понатаму, врз основа на нашата одлука, управниот одбор на претпријатието во рамките на овој опсег од минимум и максимум носи одлука за цена што потоа се доставува на одобрување во советот на соодветната општина. Очигледно е дека тоа е еден посложен процес бидејќи има политички влијанија и не секогаш се носат одлуки што се во интерес на водоводните претпријатија, но и во интерес на потрошувачите. Ние во изминатиот период во соработка со водоводните претпријатија во државата, кои имаат свое здружение, АДКОМ, се усогласивме и работиме на доставување заеднички предлог-измени и дополнувања на, најверојатно, два закона, со кои ќе се овозможи РКЕ да ја определува крајната цена за секоја водна услуга“, рече претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.
РКЕ ќе ја носи одлуката за крајната цена на водата на ист начин како што тоа го прави за струјата, за парното и за природниот гас. Со планираните измени одлуката за цената на водата од РКЕ ќе биде задолжителна за комуналните претпријатија.
Бислимоски очекува со измените претпријатијата да ги намалат трошоците, а да ги зголемат инвестициите во мрежата, кои ќе придонесат за намалување на загубите на вода.
„Имајќи предвид дека сите наши методологии се поттикнувачки и даваат сигнал до претпријатијата, без разлика од која дејност се, да ги намалуваат своите трошоци, веруваме дека ќе обезбедиме повеќе инвестиции во водоводната инфраструктура во државата. Сега имаме една исклучително лоша ситуација во државата. На државно ниво загубите на вода ни се 64 %. Веруваме дека со овој нов концепт ќе се придонесе за инвестиции во оваа инфраструктура, која е стара 50, 60, а некаде и 70 години. Со тоа ќе се овозможи намалување на загубите на вода, но исто така ќе се намали и процентот на ненаплатена вода. На тој начин, а тоа е во интерес и на потрошувачите, ќе имаат стабилно и сигурно снабдување со вода, но поради намалување на загубите, нема да има драстично, односно нема да има никакви сериозни зголемувања на цените за водните услуги бидејќи ќе се зголеми процентот на неоприходувана вода, тоа е нешто што досега го немаат како приход овие претпријатија и ќе се намалат загубите на вода. Значи, трошокот за загуби, ако се намали, значи дека тие пари може да се користат понатаму за нови инвестиции, без да има некакви сериозни промени на цените за водните услуги“, рече Бислимоски.
Во Скопје изминатите години загубите на вода достигнаа и 40 отсто.