Спорт
Надал ги пропушта азиските турнири, Ѓоковиќ блиску до првото место
Светскиот број 1, Рафаел Надал потврди дека нема да учествува на азиските АТП есенски турнири во обид да се опорави од повредата на коленот која ја доби на САД опен, одлука по која Новак Ѓоковиќ е многу блиску на крајот на годината да го освои првото м…


Светскиот број 1, Рафаел Надал, потврди дека нема да учествува на азиските АТП-есенски турнири во обид да закрепне од повредата на коленото што ја доби на САД опен, одлука по која Новак Ѓоковиќ е многу блиску на крајот на годината да го освои првото место на АТП-листата.
Надал се повлече во полуфиналето на Флешинг Медоуз против Хуан Мартин дел Потро по што изјави дека се работи за тендинитис на десното колено и сега нема да игра на турнирите во Пекинг и Шангај.
„Морав да се повлечам од Њујорк и по советувањето со лекарите во Барселона, решивме да не учествуваме на азиската турнеја. Проблемите со коленото не се нови за мене“, напиша Надал на „Твитер“.
Шпанецот има 8.760 поени на врвот на АТП-листата, 1.860 пред Роџер Федерер и 2.315 пред Ѓоковиќ. Бидејќи Швајцарецот има редуциран календар (лани играше само во Шангај, Базел и на АТП-финалето), Ѓоковиќ станува нов фаворит за првото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.