Спорт
Велкоски во стилот на Зидан, Сараево подобар од Вележ (видео)
Македонскиот голгетер на Сараево, Крсте Велкоски постигна прекрасен гол за да донесе на „бордо тимот“ победа од 1:0 на гостувањето кај Вележ во Мостар во 1/16 финалето на Купот на Босна и Херцеговина.
Сараево се мачеше против второлигашот сѐ до 58. мин…
Македонскиот голгетер на Сараево, Крсте Велкоски, постигна прекрасен гол за да му донесе на „бордо тимот“ победа од 1:0 на гостувањето кај Вележ во Мостар во 1/16-финалето на Купот на Босна и Херцеговина.
Сараево се мачеше против второлигашот сѐ до 58. минута кога една одбиена топка дојде до нозете на Велкоски на работ на шестнаесетникот и тој постигна спектакуларен гол за пласман во осмина-финалето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Њукасл бара 180 милиони за Александер Исак
Александер Исак (25) игра во блескава форма во Премиер лигата. Напаѓачот на Њукасл и постигна седум гола на последните шест натпревари, со што дојде до бројка од 11 првенствени голови на 16 одиграни натпревари. Има и четири асистенции.
Исак веќе извесно време се поврзува со бројни европски великани. Арсенал сериозно се интересираше минатото лето, во пресрет на зимскиот преоден рок се огласи Челзи, а се споменува и Пари Сен Жермен.
Британски „Телеграф“, наведува дека не треба да се исклучи интересот на Реал Мадрид и Барселона. Како и да е, кој сака да го донесе ќе мора одвои еден куп пари.
Според овој извор, Њукасл за Исак бара дури 180 милиони евра. Иста сума му плати ПСЖ на Монако за Килијан Мбапе и тоа засега е втор најскап трансфер во историјата на фудбалот. Повеќе пари чинеше само трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони).
Овој потег на Њукасл не треба да чуди со оглед на тоа што клубот е во сопственост на Саудиска Арабија и нема финансиски проблеми.
Њукасл му плати на Реал Сосиедад 70 милиони евра за Исак во летото 2022 година.
Спорт
11 години минаа од кобното скијање – Здравствената состојба на Михаел Шумахер се уште е мистерија за јавноста
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи. Додека скијал надвор од патеката во ски-центарот Мерибел, изгубил контрола и паднал удирајќи со главата во карпа. Иако носел кацига, се здобил со сериозни повреди на главата.
По несреќата, Шумахер со хеликоптер бил пренесен во болницата во Гренобл, каде му биле извршени две операции на мозокот и бил ставен во медицински индуцирана кома. Тој помина околу шест месеци во кома, а во јуни 2014 година беше префрлен во неговиот дом во Швајцарија на понатамошна рехабилитација.
Оттогаш информациите за неговата здравствена состојба се оскудни бидејќи семејството строго ја чува неговата приватност. Познато е дека Шумахер е на долготрајна рехабилитација, но детали за неговиот напредок не се јавно достапни. Неговата сопруга Корина изјави во документарениот филм од 2021 година дека Мајкл е „тука, но поинаков“, нагласувајќи ја важноста на семејната поддршка во неговото закрепнување.
И покрај оскудните информации, познато е дека семејството на Шумахер вложува значителни напори во неговата грижа и рехабилитација. Неговиот син Мик, кој исто така е Ф1 возач, постојано изразува желба да разговара со својот татко, сугерирајќи дека комуникацијата со Михаел е ограничена.
Десет години по несреќата, братот на Шумахер, Ралф изјави дека „нему му недостига стариот Михаелот“ и дека „ништо повеќе не е исто“, дополнително потврдувајќи ја сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа седумкратниот светски првак.
„Шумахер не зборува. Тој комуницира со очите. Само три лица смеат да го видат”, изјавила Елизабета Грегорачи, поранешната сопруга на Флавио Бријаторе. Пјеро Ферари, потпретседателот на Ферари и син на легендарниот Енцо, потврди дека Шумахер не може да зборува.
Претходно, семејството на Шумахер ја доби судската битка против магазинот „Бунте“ поради ширење лажни информации за здравствената состојба на Шумахер. „Бунте“ во 2015 година објави дека Шумахер може да оди со мала помош од терапевт и дека може да ја крене раката. На суд, неговиот адвокат Феликс Дам потврди дека и со помош на физиотерапевт, легендата не може да застане на нозе. Во јуни 2019 година, се дозна дека Михаел се лекувал со матични клетки. Тие беа инјектирани во неговото тело за да се создаде антиинфламаторен одговор и да предизвикаат реакција во мозокот.
Во 2021 година беше објавен документарен филм на „Нетфликс“ за кариерата и животот на легендарниот возач. Но во филмот несе открива неговата здравствена состојба.
„Од несреќата, веќе ги немам оние моменти кои многу луѓе ги имаат со своите родители, или барем јас ги имам помалку. Од моја перспектива, тоа не е фер. Татко ми и јас би се разбрале на поинаков начин бидејќи ние зборуваме на сличен јазик, јазикот на моторспортот. Ќе имавме многу теми за разговор“, изјави Мик, синот на Михаел кој дебитираше во Формула 1 во 2021 година,
„Не ми се допаѓа кога луѓето зборуваат за него како да умрел, тој се уште се бори“, е пораката на Пјеро Ферари.
Спорт
Ограбен домот на Лука Дончиќ
Полицијата во Далас го објави извештајот поврзан со грабежот во дмот на Лука Дончиќ.
За среќа, Дончиќ и неговото семејство не биле дома во моментот на кражбата, а бил украден накит во вредност од 30.000 долари.
„Полицијата во Далас добила пријава дека непознато лице во периодот од 17 до 21 часот скршило прозор од бањата во куќата на Дончиќ и одзело накит. Двајца полицајци запознаени со делото ја потврдиле кражбата. Екипата на местото на злосторството е алармирана. Приватно обезбедување го чуваше домот на Дончиќ. Не е јасно дали има само еден осомничен или повеќе од едно лице“, се наведува во извештајот.
Дончиќ на Божиќ на мечот против Минесота заработи повреда на потколеницата, поради што ќе паузира најмалку еден месец