Црна хроника
Двајца малолетни пешаци завршиле во болница поради удар од возило
Двајца пешаци вчера завршиле со повреди поради удар од возилo во одделни сообраќајни несреќи.
Едната се случила во Битола, кога возило управувано од 29-годишно лице удрило во 16-годишна девојка. Од ударот девојката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.
МВР соопшти и за втор случај во селото Кондово, кога возило со скопски регистерски ознаки удрило во 6-годишно момче од Глумово. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено на Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во двата случаи извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Радовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште
Четириесетгодишна радовишанка В.Ј. лажно пријавила дека има бомба во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш.
„Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од нејзината електронска пошта, преку мобилниот телефон, испратила порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на училиштето, иако знаела дека не е поставена експлозивна направа во училиштето“, соопшти Јавното обвинителство.
Од МВР соопштија дека се преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на потеклото на IP адресите и утврден е сторителот на кривичното дело. Исто така, извршена е и антитерористичка проверка во училиштето, при што е утврдено дека не се пронајдени експлозивни средства и направи.
Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител до Судот достави и предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на престојувалиштето, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени активности кои се поврзани со кривичното дело, односно – забрана за испраќање на пораки со заканувачка содржина.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

