Забава
Венеција ќе им забрани на туристите да седат на земја

Венеција, градот познат по своите канали, е туристичка Мека последниве години, а бројот на туристи далеку го надмина бројот на населението и предизвикува притисок врз ограничената инфраструктура во градот. Властите во Венеција сега размислуваат да им забраната на луѓето да седат и да лежат на земја како дел од острите мерки против невоспитаните туристи, пренесува „Гардијан“.
Предлогот е на градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, и ќе спроведе забрани со казни од 50 до 500 евра ако забраната се прекрши. Градскиот совет треба да гласа за предлогот во октомври. Властите, исто така, размислуваат да ја забранат музиката на чамци, кои се главно превозно средство за жителите бидејќи сообраќајот на моторни возила е забранет во Венеција.
Бруњаро го направи приоритет управувањето со туристичката индустрија уште од неговиот избор во 2015 година. Тој ги предводеше напорите со мерки кои се движат од парични казни за непослушните туристи до зголемено полициско присуство.
Фрлањето отпад, бесцелното талкање и оскудно облечените туристи веќе можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Во мај, официјални претставници на Венеција го забранија отворањето нови продавници за храна во следните три години во обид да го намалат бројот на туристи што јадат на скалите пред црквите и на историски мостови.
Минатата година градскиот совет на Венеција даде зелено светло за мерките предложени од Бруњаро, вклучувајќи го отворањето пунктови во прометните делови, зголемување на бројот на полицајци, нови мапи со алтернативни туристички рути и промовирање на помалку познатите знаменитости на Венеција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Стареат како добро вино: на кои хороскопските знаци им е предодреден долг живот

Секогаш им завидуваат на нивниот младешки изглед, убавина и шарм, а најчесто се родени под овие четири хороскопски знаци.
Според астролошките тврдења, одредени хороскопски знаци се привилегирани со долг и среќен живот, а еве некои од нив.
Бик
Во срцето на Бикот лежи тајната на долговечноста. Тие се знаци на стабилност, смиреност и уживање во секој момент. Нивната способност да уживаат во радостите на животот честопати им ги продолжува годините, бидејќи знаат како да го живеат животот до максимум.
Девица
Девиците се познати по својата педантност и грижа. Нивната склоност кон редовни здравствени прегледи и здрави навики честопати ги прави долговечни. За нив, секој детаљ е важен, а вниманието што го посветуваат на своето здравје ги прави отпорни на предизвиците на времето.
Водолија
Водолиите се оригинални и неконвенционални. Нивната отвореност кон нови искуства и идеи ги одржува млади во срцето, што е клучна компонента на долговечноста. Нивната способност да се прилагодат на промените и да го избегнат стресот честопати им го продолжува животот.
Риба
Рибите се длабоко поврзани со интуицијата и духовноста. Нивната способност да пронајдат внатрешен мир и хармонија ги ослободува од стрес и вознемиреност, што честопати придонесува за подолг живот. За нив, внатрешниот свет е клучен за долговечноста.
Забава
(Видео) Пристигнувањето на израелскиот претставник на Евровизија предизвика протести и хаос во Базел

Израелската претставничка на Евровизија, Јувал Рафаел, беше пречекана од демонстранти и наводни закани со смрт додека шеташе по тиркизниот тепих во Базел, Швајцарија, за време на викендот, поради што израелската телевизија Кан поднесе извештај до локалната полиција. Во недела, на 11 мај, претставници од 37-те земји учеснички на Евровизија 2025 прошетаа по познатиот тиркизен тепих – кој оваа година беше најдолгиот досега, со должина од 1,3 километри.
Дваесет и четиригодишната Рафаел, која го претставува Израел оваа година, беше пречекана со исвиркувања од публиката, а еден човек наводно направил заканувачки гест.
@swerfi.sss #israel #eurovision #outfit #protest #🇮🇱 #newdaywillrise ♬ New Day Will Rise – יובל רפאל
Протестите во Базел се одржуваат во контекст на тековниот конфликт меѓу израелската влада и палестинската група Хамас. Израел се соочува со меѓународни критики за неговите континуирани воени операции во Газа, вклучително и блокадата на хуманитарната помош, што доведе до недостиг на храна и лекови.
@videoreporter_nico Am Sonntag (11.05.2025) protestierten mehrere hundert Demonstranten gegen die Teilnahme Israels beim Eurovision Song Contest in Basel. #esc #eurovisionsongcontest #basel #bale #eurovision #europe #news #aktuellenachrichten #aktuellenews #viral #palästina #palestine #israel #protest #demonstration #fyp #foryoupage #fürdich #fürdichpage #nauornever #police #tiktoknews #switzerland #schweiz ♬ Originalton – videoreporter_nico
Пред почетокот на Евровизија 2025, повеќе од 70 поранешни учесници на Евровизија – вклучувајќи ги и победниците – потпишаа отворено писмо до Европската радиодифузна унија (EBU) барајќи Израел да биде исклучен од натпреварот. Многу фанови, исто така, повикаа на нов бојкот на натпреварот, по минатогодишниот бојкот на 2024 година. Податоците објавени еден ден по финалето покажаа дека Евровизија во Велика Британија ја гледале 25% помалку гледачи таа година отколку во 2023 година.
Јувал Рафаел, која го преживеа нападот на Хамас на фестивалот Нова, треба да настапи во втората полуфинална вечер во четврток. По инцидентот во Базел, случајот е пријавен во локалната полиција, а Рафаел нема да дава интервјуа на акредитирани новинари од безбедносни причини.
Забава
(Видео) Робот ја разочара Бијонсе насред настап, реакцијата на пејачката ги насмеа фановите

Бијонсе воодушевува на својата турнеја „Каубој Картер“, но не помина сè совршено на еден од нејзините настапи. За време на концертот во Лос Анџелес, пред илјадници обожаватели и познати гости, неочекуван гаф во кој беше вклучен робот накратко го засени шоуто.
Наместо гламурозен момент каде што робот ѝ сипува пијалок во чашата, технологијата откажа – и тоа пред сите.
@beyonceaccess ROBOT IS GETTING FIRED! 🤖 Alguém vai perder o emprego kkkk #beyonce #cowboycarter #beyhive #cowboycartertour ♬ som original – Beyoncé Access 🇧🇷
Видеото од несреќата брзо стана вирално на социјалните мрежи. „Роботот ја промаши чашата?!! Тој уред веднаш доби отказ, нејзиното лице е сè“, „Бијонсе сакаше толку многу да се насмее, го гледаше роботот како да не е робот“, се само дел од коментарите.
Концертите на турнејата траат речиси три часа и вклучуваат дури 36 песни, со интересни сценски ефекти – Бијонсе јава механички бикови, пее на летачки автомобил, а ѝ се придружуваат и нејзините ќерки Блу Ајви и Руми.