Македонија
Гаши: Со референдумот ќе се отвори вратата за целосна еднаквост на сите граѓани
Во склоп на кампањата за референдумот на 30 септември Движењето БЕСА вчера оствари средба со жителите на Општина Боговиње, а после тоа следеше марширање по центарот на Тетово и митинг пред Центарот за Култура.
На овие собири присутни беа највисоките претставници на Движењето БЕСА, на чело со претседателот Африм Гаши. Претседателот Гаши на својот говор пред присутните граѓани истакна дека ,,гласањето ЗА на референдумот значи отпочнување на преговори за зачленување во Европската Унија. Едно силно ДА на референдумот значи да станеме дел од НАТО а со тоа и поголемо присуство на меѓународната контрола во Македонија во борбата против корупцијата, поголем придонес на меѓународната заедница за подобрување на благосостојбата на граѓаните и владеење на правото”.
Гаши порача: ,,Секое поглавје што ќе се отвори во преговорите со ЕУ ќе биде еден механизам кој ние Албанците сме го побарале уште од 90-тите години овозможувајќи на овој начин да се отвори вратата за целосна еднаквост на сите граѓани во Македонија”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.