Црна хроника
Мајка и син извршиле разбојништво во менувачница, вработената ја турнале на подот и ја влечеле за коса
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Штип против Ц.Х.(45) од Германија и известување против нејзиниот 14-годишен син поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.
Според информациите од МВР, на 20.09.2018 година во 7:20 часот во Свети Николе, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, пријавената заедно со нејзиниот син влегле во менувачницата во Свети Николе и откако размениле пари сакале да влезат во просторот позади шалтерот, но биле спречени од вработената на менувачницата, по што пријавениот малолетник со спреј ја испрскал неа и нејзината ќерка, по што ја турнале на подот и ја влечеле и удирале.
Пријавените биле приведени во Полициска станица Свети Николе. Од страна на судија на претходна постапка на Ц.Х. одредена и била мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

