Македонија
Хуманитарен настан на „Халк банка“ и „Кроација осигурување – живот“
Утре (22 септември), од 11 до 14 часот во Градски парк во Скопје, кај познатата Школка со многу музика, забава и награди за оние кои сакаат да се испробаат на „тркалото на среќата“, „Халк банка“ ќе ја промовира својата нова понуда – „ризико“ кредити со животно осигурување која ја реализира во партнерство со Кроациа Осигурување живот.
Настанот ќе има и хуманитарен карактер така што во текот на тричасовниот хепенинг, 60 дечиња од основните училишта „Коле Неделковски“, „Јохан Хајнрих Песталоци“ и „Гоце Делчев“, ќе изработуваат цртежи на тема „Животот е убав“. Цртежите што ќе ги создадат децата, за што тие ќе бидат наградени со училишен прибор, потоа ќе бидат изложени во филијала на „Халк банка“ и во текот на месец ноември ќе бидат понудени на продажба на бизнис-клиентите на банката. Собраните средства ќе бидат донирани во Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Додека ги изработуваат цртежите децата ќе ги дружи Елена Ристеска, а сите оние кои ќе сакаат да се запознаат со новата понуда на „Халк банка“ и „Кроација осигурување – живот“ ќе можат да го свртат и „тркалото на среќата“ и да добијат награда.
„Халк банка“ АД Скопје како една од најбрзорастечките банки во Македонија, со новата финансиска активност овозможува клиентите да можат да добијат банкарски и осигурителни услуги на едно место скратувајќи го нивното време и трошоци и нудејќи дополнителни поволности за корисниците на овие кредити.
Со полиси за животно осигурување, кои даваат сигурност од несакани случаи, на клиентите им се нудат релакс потрошувачкиот кредит, комфор станбениот кредит и хипотекарниот кредит. За сите три вида кредити кои се нудат со полиси за животно осигурување, „Халк банка“ обезбеди атрактивни услови, различни од оние кои се важат за стандардниот потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит. Разликата се однесува на можноста за земање поголем износ на кредит, можност за подолг рок на отплата, а кај одредени производи има и подолг период на отплата со фиксна каматна стапка или пониска каматна стапка
Дополнително во сите филијали на банката низ државата клиентите ќе можат да склучат и договор за стандардните полиси за животно осигурување на „Кроација осигурување – живот“ и тоа на полисите basic, premium, ekskluziv и коко детско штедно осигурување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

