Македонија
Царовска: Oпштините да развијат модели за грижа за старите лица

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика и претставници од граѓанската организација Хуманост посетија семејство кое добива помош и услуги преку проектот на општината „Нега и грижа за стари лица во домашни услови“.
Градоначалникот Богдановиќ рече дека целта на посетата е да се запознае министерката со успешниот проект, кој што општина Центар го спроведува веќе втора година.
„Со проектот се опфатени лица на кој им е потреба нега од трети лица. Со реализација на овој проект сакаме да покажеме дека општина Центар заедно со министерството за труд и социјална политика и Владата на РМ водиме грижа за овие лица кои се во поодминати години. Тоа се нашите родители и баби и дедовци кои се грижеле за нас и не направиле ова што сме денес. Овие проекти ќе ги прошируваме секоја година за да опфатиме што е можно поголем број на корисници и овој проект да стане препознатлив не само за општина Центар, туку и во другите општини“, рече Богдановиќ.
Министерката Царовска го изрази задоволството од одличната соработка меѓу општина и граѓанска организација со цел да се понуди квалитетна и соодветна услуга за граѓаните во одредена општина.
„Министерството за труд и социјална политика и Владата се во подготовка на нова програма за социјална заштита. Без соодветни услуги на локално ниво ние не можеме да постигнеме социјална заштита бидејќи на граѓаните им е потреба различнанега. Општина Центар има возрасно население и многу е важно дека општината го препозна овој проблем и нашле модел со кој на оние граѓани, кои не можат да добијат помош на друг начин во домашни услови, да ја добиваат оваа помош од општината и од граѓанската организација Хуманост. Со проектот се опфатени 89 семејства кои добиваат ваква помош, ние се сретнавме со едно од нив, тие се задоволни од ова и дадоа препорака овој проект да продолжи. Таа помош доколку не ја добиваат од општината нема од кој друг да ја добијат. Тоа ми дава надеж дека и другите општини ќе го видат овој модел како позитивен и потребен и ќе го имплементираат во своите општини. Овие проекти не чинат многу, но ефектот кај граѓаните е навистина голем“, рече Царовска.
Емилија Робановска од Хуманост рече дека се работи со сертифицирани негуватели кои се обучени да даваат помош и поддршка на корисниците.
„Моделот на функционирање се заснова на континуирана нега со посети три пати во неделата и обезбедување помош по два часа за корисниците. Социјален работник прави анамнеза на приоритетните потреби на корисниците според кои се водат работните активности на негувателите. Општина Центар треба да биде пример и затоа апелирам и другите општини по примерот на Центар да организират вакви проекти“, посочи Робановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.