Македонија
(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед
Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв до врв“ и од иницијативата „На точак“ со велисипеди се качија на воз на железничката станица во Лисиче, се возеа до станицата во Ѓорче Петров, а од таму назад до Центар се вратија на велосипед по градските улици. Целта беше на улицата Димитрие Чуповски каде што беше организирано вело – кафе и дружење на улица.

Активисти од здружението „Прв до врв“ и од иницијативата „На точак“ со велисипеди се качија на воз на железничката станица во Лисиче, се возеа до станицата во Ѓорче Петров
„Денеска, по иницијатива на здруженијата ‘Прв до врв’ и ‘На точак’ ја презентираме идејата дека низ Скопје може да се движиме на различни начини. Впрочем, во мојата предизборна кампања ја промовирав идејата во иднина да може да формираме градски воз, а денешниот настан е мала демонстрација на таа можност. Од Лисиче до главната железничка станица во центарот на градот возот стигна за четири минути, а потоа ќе продолжи со своето движење до Ѓорче Петров. Значи, како алтернатива, би можеле во Лисиче да влеземе во воз со велосипед и за четири минути да бидеме во центар и да го продолжиме своето движење со велосипед до саканата дестинација“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Според него, Градот Скопје претендира да биде град со алтернативни можности за транспорт, какви што се Берлин, Амстердам и други европски градови.
„Во постапката за набавка на нови градски автобуси која што е во тек предвидуваме автобусите да имаат држачи за велосипеди, за да им овозможиме на граѓаните да имаат повеќе алтернативи во своето движење. Сериозно инвестираме во изградба на велосипедски патеки, наскоро ќе ги промовираме седумте нови рути“, рече градоначалникот Шилегов.

На улицата Димитрие Чуповски беше организирано вело – кафе и дружење на улица
Тој најави дека во соработка со „Македонски железници“ ќе ги обноват постојните осум железнички станици во Скопје за граѓаните да можат помасовно да ги користат возовите.
Оваа година, тема на Европската недела на мобилност беше „Комбинирај и движи се“, со цел да се испрати порака за користење на алтернативните видови транспорт нивно комбинирање.
Во одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 се вклучија повеќе од 2.500 градови во Европа и во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.
Македонија
Севдаил Демири и Ресул Шабани добитници на наградата „22 ноември“
Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2025 година се проф. д-р Севдаил Демири, истражувач, публицист и поет, и Ресул Шабани, писател.
Македонија
Единствена Македонија: Уставниот суд се мајтапи со народот
Единствена Македонија најостро реагира на денешното соопштение на Уставниот суд со кое на отворена сцена се мајтапат со народот пишувајќи дека судијката Добрила Кацарска е судијка со интегритет, самостојност и независност, велат од партијата.
„А што може да се очекува од еден Уставен суд кога сите уставни судии се дојдени во овој суд по линиии кои немаат никаква врска со знаење, способност и достигнување. Цела Македонија знае дека Добрила Кацарска дојде во Уставниот суд преку непристоен и срамен пазар – наменска осуда на лицата за 27 април во замена за функција во Уставниот суд. Добрила Кацарска е дел од поблемот и решението е во нејзиното бркање од судот со што ќе се раскине со темното минато. Цела Македонија знае дека марионетата Зоран Заев ја испорача ветената награда до Добрила Кацарска со претседателско место во Уставниот суд за успешно завршената работа за наменската осуда на македонските патриоти како што се Вилијам Михајловски Гајда и останатите за 27 април на затворска казна од два века затвор“, се наведува во соопштението од Единствена Македонија.
Од таму велат дека изборот на Кацарска за судијка во Уставниот суд ја потврдува и поразителната вистина дека Македонија се држи на линијата на темното минато кога за нарачани судски одлуки следувала награда за судски функции.

