Македонија
Ѓорѓиевски: Граѓаните живеат во несигурност, СДСМ не нуди подобар живот
Со денови одиме низ десетици населени места во државата и секаде иста слика, тага, јад и чемер. Граѓаните живеат во несигурност, СДСМ не нуди подобар живот, туку смрт, секојдневно убиства, запалени автомобили, грабежи, државата има нарушена безбедносна состојба, изјави изјави Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ, при посетата на Општина Росоман.
ој вели дека откако СДСМ е на власт полицијата не им служи на граѓаните, туку на криминалот. Се прави криминал, од најситен до најсофистициран, гледаме како државни милионски тендери добиваат фирми на луѓе блиски до власта, лиценци за извршување дејности од кои зависи добивање на јавна исправа ново формирани фирми, и уште еден куп други апсурди.
,,Додека ја разграбуваат државата, ги злоупотребуваат и европските вредности, под превезот на ЕУ и НАТО интеграција прават страшен криминал, но и ја злоупотребуваат нашата стратешка ориентација како држава за покривање на штетниот договор.
Немаат аргументи за клучните прашања. Се зборува за се, само за суштината не. Со овој договор се губи идентитетот, историјата и културата. Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања”, кажа Ѓоргиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.
Македонија
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се попосетена, и годинава започна со литија од храмот Св. Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во општина Кисела Вода, збогатена со песните од КУД “Китка”. Најсреќниот учесник што го извади Богојавленскиот Крст од водите, Илија Мелоски за себе и за најблиските посака здравје и среќа, а наградите одлучи да ги донира.
-Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.
Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД “Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.
Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Да сте ми здрави и живи, а следната година повесели и помасовни-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Стефан Георгиевски од Ѓорче Петров го фати светиот крст во Влае
Денеска на пладне, жителите од општините Карпош и Ѓорче Петров, на заедничка манифестација на ,,Железниот мост” во населбата Влае, го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Локалната самоуправа оваа година ја поддржа оваа манифестација со 40.000 денари, а за безбедноста на капачите кои учествуваа во верската церемонија во водите на реката Вардар, се погрижи десетчлената единица за заштита и спасување од Општина Карпош. Покрај големиот број верници, на традицоналната манифестација, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој беше придружуван од членовите на Советот на Општината.
-Ова е голем празник за христијанските верници. Општина Карпош традиционално ја поддржува оваа манифестација,особено за граѓаните од Нерези и многу сум среќен што голем број верници се собраа денеска да го одбележиме овој голем празник за сите. На сите овогодинешни фаќачи на крстот во целата држава, им посакувам добро здравје и среќа и секоја година да се фрлаат во ладните води на реките и езерата, во знак на овој голем ден – накратко се обрати Јакимовски.
Во духот на христијанската традиција, свештените лица од црквата „Свети Пантелејмон“ од Нерези и „Свети Петар и Павле“ од Ѓорче Петров, го положија крстот во реката Вардар, при што најголема среќа имаше Стефан Георгиевски од Новоселски пат, од општина Ѓорче Петров, кој прв дојде до оваа света реликвија. Инаку, според религијата се верува дека токму овој крст, ќе му донесе нему здравје и бериќет во претстојнава година. По завршувањето на манифестацијата, присутните граѓани и верници се упатија кон црквата „Свети Пантелејмон“, каде што ги чекаше пригодна славска трпеза.