Македонија
Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел
Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија ќе го презентира првото поглавје од преговорите за правосудство и фундаментални права, поглавјето 23, со што и формално почнува скрининг процесот како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија.
„На крајот на следната недела, почнувајќи од четврток, 27 септември, ќе ја предводам најголемата владино- државна делегација, дел од преговарачката структура и нивната административна поддршка во Брисел, директно во Европската комисија каде што го започнуваме таканаречениот објаснувачки скрининг, и каде од страна на Европската комисија ќе биде презентирано првото поглавје од преговорите. Ова претставува исклучителни важен настан, односно пресвртна точка со која Република Македонија и формално го започнува последниот дел од патот за полноправно членство во Унијата“, рече Османи.
Делегацијата ќе брои преку 40 претставници на преговарачката структура. Османи вели дека тоа се поединци кои доаѓаат најмногу од правосудниот и безбедносниот сегмент, претставници од Министерството за правда придружувани од министерката Рената Дескоска, но и од други ресори.
Вицепремиерот Османи најави дека на оваа посета се отвора првото од вкупно 33 поглавја кои што ќе следат само во првата фаза, во фазата на објаснувачкиот скрининг, што значи дека ќе има 33 големи делегации кои што ќе го посетат Брисел. Во објаснувачкиот скрининг предвидено е да учествуваат над 1000 луѓе, со што ќе се направи подготовка за втората фаза – билатералниот скрининг која пак, според вицепремиерот е уште пообемен и покомплексен процес.
Поради потребата сите да се вклучат во преговарачкиот процес, вицепремиерот Османи соопшти дека Владата распишува оглас на кој може да се пријават сите заинтересирани кои можат да помогнат во преговарачкиот процес.
„Ќе ни биде потребна севкупната експертиза во Македонија. Експертиза која може да дојде од академската заедница, граѓанскиот сектор како и секој сегмент од заинтересираната јавност. За таа цел денес објавуваме јавен повик за вклучување на секој заинтересиран, секој оној кој смета дека може да придонесе во оваа фаза, секој оној кој ќе се чувствува повикан да биде дел од преговарачкиот процес, соодветно да се пријави и да стане дел од нашиот регистар или база на податоци за надворешни експерти, кои може да бидат повикани во процесот на скрининг и преговори“, рече вицепремиерот Османи.
Посебниот советник на премиерот за евроинтеграции и главен технички преговарач, Бојан Маричиќ ги охрабри сите заинтересирани да се пријават на огласот нагласувајќи дека е неопходно сите општествени сили да бидат вклучени во процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

