Спорт
Избрани најдобрите 11, во составот нема место за Салах и Куртоа
Наградите на ФИФА повторно носат изненадувања. Во изборот на ФИФПро најдобрите 11 во минатата сезона, нема место за најдобриот голман минатата сезона (во избор на ФИФА) Тибо Куртоа, ниту за стрелецот на најдобриот гол и еден од финалистите за најдобар …
Наградите на ФИФА повторно носат изненадувања. Во изборот на ФИФПро најдобрите 11 во минатата сезона, нема место за најдобриот голман минатата сезона (во избор на ФИФА) Тибо Куртоа, ниту за стрелецот на најдобриот гол и еден од финалистите за најдобар фудбалер, Мо Салах.
Европските шампиони Реал Мадрид доминираат со четири активни фудбалери (Варан, Рамос, Марсело и Модриќ) и еден кој го напушти тимот (Кристијано Роналдо).
Челси ги има Н’Голо Канте и Еден Азар, тука се очекуваните избори на Килијан Мбапеи Лео Меси, додека Манчестер јунајтед го има најдобриот голман во Давид де Хеа.
What a team ?
Your FIFA @FIFPro @World11 ?#TheBest #FIFAFootballAwards pic.twitter.com/KLisY7B2y4— #TheBest (@FIFAcom) September 24, 2018
ГОЛМАН
Давид де Хеа (Манчестер јунајтед)
ОДБРАНА
Дани Алвеш (Пари Сен-Жермен)
Рафаел Варан (Реал Мадрид)
Серхио Рамос (Реал Мадрид)
Марсело (Реал Мадрид)
СРЕДЕН РЕД
Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Н’Голо Канте (Челси)
Еден Азар (Челси)
НАПАД
Лионел Меси (Барселона)
Килијан Мбапе (Пари Сен-Жермен)
Кристијано Роналдо (Јувентус)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фаворитите сигурни во 16.коло во домашниот шампионат
Комплетирано е 16.коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое е јасно дека пет клуба ќе се борат за шампионската титула, а остатокот од лигата ќе води ботка за опстанок.
Тимовите од врвот запишаа рутински победи на своите конкуренти. Шкендија, Работнички и Гостивар славеа со идентични 2:0 против Шкупи, Тиквеш односно Вардар. Силекс убедливо со 4:1 го победи тимот на Воска спорт, а Струга минимално со 1:0 го победи Пелистер.
Табела:
Спорт
Маурицио Сари ќе го наследи Пикси на клупата на Србија?
Маурицио Сари наводно ќе биде нов селектор на српската фудбалска репрезентација, доколку таа функција ја напушти Драган Стојковиќ Пикси.
Италијанецот ќе биде првиот пик на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) за наследник на Пикси, пишува „Republika.rs“. Српските медиуми претходно објавија дека Пикси е се поблиску порано да го напушти кормилото на националниот тим и да прифати профитабилна понуда од Азија.
„Maxbet Sport“, тврди дека од Азија биле подготвени да платат обесштетување за Пикси, кој има договор со ФСС до 2026 година. Овој извор не наведува дали станува збор за клуб или репрезентација, но наведува дека новата соработка би можела да започе од почетокот на 2025 година.
Спорт
Алек Ѓорѓиевски, млада надеж во македонскиот 3×3 баскет
Алек Ѓорѓиевски кој е роден 20.11.2000 во Скопје на 9 години почнува да тренира кошарка во клубот “Соколи Карпош”. За две години преминува во клубот “КК Вардар” под водство на тренерот Владимир Мирковски, каде што игра до 14 години. Од “КК Вардар” добива понуда да игра за “ШКК Звездара” под водство на тренерот Стефан Коканович во Србија-Белград, каде игра четири години.
Додека игра за “ШКК Звездара” присуствува во младинска репрезентација на Македонија. Од ШКК Звездара преминува во “КК Куманово 2009” каде игра една сезона и потоа се одлучува да почне да игра 3×3 Баскет. Започнува во екипата “Solution X3” благодарение на Бојан Борисовски, Стефан Трајковски и Огнен Ивановски, каде што учествува на Македонски и интернационални турнири во: Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија.
По извесен период е повикан од Македонската репрезентација 3×3 на селективни тренинзи. Во меѓувреме забележан е од повеќе екипи од Р.Србија, каде и го повикуваат да игра за нив.
Во следниот период игра и за дел од нив, 3×3 Палкис на повик од Драган Потич, 3×3 Aтлантик, 3х3 Избачени Ван Рекета, 3×3 KG Wild Boars на повик од Златан Оманович.
Во иднина се гледа да учествува на турнири на високо ниво како што се Ворлд Тур и Челинџер.