Регион
Брнабиќ на прием кај Трамп

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, присуствуваше на приемот што го подготви претседателот на САД, Доналд Трамп, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Таа се најде помеѓу 200 официјални лица што накусо разговараа со Трамп, пренесе ТВ „Прва“.
„Не можам да кажам дека имав време за долг разговор, но му заблагодарив за неговото разбирање за Србија и отвореноста кон нашата земја“, рече Брнабиќ.
На приемот, како што додаде, имало многу познати лица и партнери, стари сојузници и претставници на земји со кои Србија има отворени прашања.
Брнабиќ оствари средба и со американскиот сенатор Рон Џонсон на маргините на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Таа истакна дека Приштина не придонесува за дијалогот за нормализирање на билатералните односи со Белград.
„Србија е посветена на стабилноста и ќе сториме сè за зачувување на мирот и стабилноста во регионот“, увери Брнабиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.