Контакт

Свет

Шега во шведско сатирично шоу предизвика дипломатска криза со Кина

Објавено пред

Епизода од една шведска емисија, во која им се потсмевале на кинеските туристи и ги советувале да не ‘какаат’ на јавни места, го налути Пекинг. По бесната изјава на Кина, од шоуто рекоа дека можеби предизвикале дипломатска криза, пренесува „Раша тудеј“.

dobivaj vesti na viber

Шоуто „Свенска нихетер“, емитувано минатата недела на шведскиот национален телевизиски оператор ЦБТ, ја погоди директно во нерв Кина бидејќи во емисијата беше прикажан водич за прифатливи и неприфатливи работи за кинеските посетители. На листата со неприфатливи работи е, на пример, советот да не какаат пред историските локации и да не мислат дека кучиња се на менито за ручек. Во шоуто дури бил исмеан и неодамнешниот драматичен инцидент во кој шведската полиција ги извлече кинеските туристи од еден хотел.

Контроверзната епизода не помина незабележана од кинеската амбасада во Шведска, која побара итно извинување од ТВ-каналот и од шоуто и се закани дека ќе преземе понатамошни дејства. Амбасадата ги обвини шоуто и водителот Јеспер Рондал за ширење и застапување расизам и ксенофобија, како и за поттикнување омраза.

Дипломатската мисија беше бесна и поради погрешната карта на Кина прикажана во шоуто на која Тајван и дел од регионот Тибет не биле вклучени на територијата на Кина. Водителот на шоуто очигледно ужива во вниманието што го привлече епизодата.

„Изгледа дека предивикавме дипломатска криза со суперсила“, објави Рондал во саботата.

Самиот ТВ-канал не гледа ништо навредливо во она што било емитувано инсистирајќи на тоа дека шоуто е хумористично. Програмскиот менаџер Томас Хол рече дека нема да се извини или да го избрише шоуто бидејќи верува дека не направиле ништо лошо.

Но, Кинезите не се согласуваат. Хаштагот „Шведско ТВ-шоу ја навреди Кина“ имаше повеќе од 33 милиони прегледи во понеделникот, а некои од Кинезите побрзаа да го коментираат клипот од шоуто објавен на „Јутјуб“.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд

Објавено пред

Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.

dobivaj vesti na viber

„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.

Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.

Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.

Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Џиновска фантомска медуза снимена кај Аргентина

Објавено пред

Ретка џиновска фантомска медуза е забележана за време на истражување на длабоко море во близина на Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Научниците направија снимки од Stygiomedusa gigantea, позната и како џиновска фантомска медуза, во Јужниот Атлантски Океан на длабочина од околу 250 метри.

Истражувачите од Океанскиот институт Шмит го документираа необичното морско животно, кое може да порасне до еден метар во дијаметар, додека неговите краци можат да достигнат должина до 10 метри.

Четирите долги краци, кои личат на розови ленти, не се убоди како повеќето медузи. Наместо тоа, тие се користат за фаќање плен, првенствено риби и планктон, според Институтот.

Покрај снимките од ретката медуза, научниот тим откри и 28 потенцијално нови видови за време на експедицијата, вклучувајќи корали, морски ежови и морски анемони.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Објавено пред

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос со рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Трамп рече дека го убедил својот руски колега да ги запре нападите врз украинските градови и енергетската инфраструктура за време на бруталниот студен бран.

Проблемот за Трамп е што немало вистинско прекинување на борбите, барем од руска страна. Амбасадорката на Украина во Соединетите Држави, Олга Стефанишина, официјално му достави на Стејт департментот детални докази за бомбардирањето што следеше по наводното примирје.

Притоа, руските ракети погодија не само украински цели, туку и самоуверените тврдења на Трамп за хуманитарна пауза во борбите. Притоа, Путин му послужи на својот наводен пријател уште еден TACO момент (акроним за „Трамп секогаш се плаши“ – Trump Always Chickens Out) и повторно го измами, објави „Њузвик“.

Таканареченото „енергетско примирје“ на Трамп со Русија требаше да го покаже неговиот препознатлив талент за склучување договори. Наместо тоа, го стави во многу незгодна политичка позиција.

„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и тие градови и места една недела за време на ова… екстремно студено време“, рече Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа кон крајот на минатата недела. Путин „се согласи“, рече Трамп.

Но, Белата куќа не понуди јасно објаснување за обемот или временската рамка на каква било потенцијална пауза. Тврдењето дека Русија се согласила на примирје само послужи за да ја нагласи нејасноста на пристапот на Трамп.

Иако Трамп сугерираше дека Путин се согласил на целосно примирје во траење од една недела, Кремљ подоцна тивко го претстави договорот како ограничен и краткотраен, кој истекува веќе на 1 февруари.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Трамп упатил „лично барање“ до Путин да ги запре нападите врз Киев до 1 февруари, опишувајќи го потегот како обид за „создавање поволни услови за преговори“.

Споменувањето на 1 февруари веднаш покрена прашања, бидејќи тој датум беше само два дена оддалечен. Покрај тоа, временските прогнози покажаа дека најстудените денови од зимата не се очекуваат до викендот, што ја отежнува разбирањето на логиката на толку тесно дефинираното примирје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија1 час

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија1 час

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет1 час

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет2 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет3 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет4 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет4 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет4 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа4 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија17 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија18 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија19 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија22 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија22 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија24 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија24 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија24 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија1 ден

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...