Црна хроника
Во возило пронајдени и одземени 800 грама марихуана, поднесени две кривични пријави

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривичнa пријавa против две лица од Охрид поради сторено кривичнo делo неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Пред неколку дена на локалниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Уларци, како што соопшти полицијата, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот и второпријавениот како сопатник, биле пронајдени и одземени 800 грама марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајка во Струмичко

Во Полициската станица Струмица вчера во 05.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат 1402, на крстосница за селата Банско, Габрово и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица и патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(32) од село Колешино, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни пореди се здобила сопатничката во патничко возило „фолксваген туран“, Е.А.(53) од Струмица, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „фолксваген“ , С.М.(32) од Струмица, С.Н.(49) од село Банско, струмичко, А.А.(52) од Радовиш, А.А.(28) од Струмица и 17 -годишник од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Загина 38-годишен маж: со мотоциклот излетал од патот

Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведени четворица крадци од Скопје, одзеле повеќе предмети од објект на ЈП „Железници“

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои една во обид.
Имено, пријавените делата ги извршиле во периодот од 30.03. до 14.04.2025, при што од објект на ЈП Железници на РСМ -Железничка инфраструктура Скопје одзеле машина за обработка на дрва, мотор од компресор, алати и разни други предмети и се стекнале со имотна корист од околу 1.239.000 денари. На 14.04.2025, при обид да извршат „тешка кражба“ во објектот, тие биле затекнати и лишени од слобода од полициски службеници.
Од страна на Судија на претходна постапка на Е.З., Р.Д. и С.Д. им била одредена мерка притвор во траење од осум дена, а на А.А. му била изречена мерка домашен притвор во траење од осум дена.