Спорт
ФИФА планира пенали и во мечевите по групи на СП во 2022!
Новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино повторно се обидува да направи „чудо“ на Светското првенство во Катар во 2022 година со план за зголемување на турнирот на 48 нации и воведување на изведување на пенали во натпреварите по групи кои ќе завршат …
Новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино повторно се обидува да направи „чудо“ на Светското првенство во Катар во 2022 година со план за зголемување на турнирот на 48 нации и воведување на изведување на пенали во натпреварите по групи кои ќе завршат нерешено.
Инфантино планира со помош на јужноамериканските федерации да го зголеми турнирот од 32 на 48 учесници, кои би биле извлечени во 16 групи по три, од кои првите две репрезентации по групите би влегле во нокаут-фазата од 32 нации. Според сегашниот план, СП во 2026 година во САД, Канада и Мексико е првиот Мундијал со 48 репрезентации.
Еден проблем во овој план со групи по три нации е тоа што последниот меч од групите би можел да биде „наместен“ ако на двете репрезентации им е потребен само поен. Слична ситуација се случи на СП во Русија – во мечот Данска-Франција 0:0. Поради ова, ФИФА планира секое реми на овој мундијал да завршува со пенали по 90 минути без продолжение.
Друг проблем на Инфантино се резервираните 28 дена за СП во Катар во 2022 година – почеток на 21 ноември и крај на 18 декември, и секој план за продолжување на турнирот ќе биде осуден од големите европски клубови.
Овој хаос со големите планови на Инфантино ќе биде конечно разрешен следниот месец, кога во Кигали, Руанда се одржува состанокот на Советот на ФИФА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атланта се врати од -19 и го победи Кливленд
Кошаркарите на Атланта Хокс, предводени од брилијантниот Тре Јанг, славеа на теренот на најдобриот тим во НБА лигата, Кливленд Кавалирс со 135:124.
Кавалирс жестокот го започнаа натпреварот, поведоа со 9:0, а набрзо беше 30:11, најавувајќи катастрофа за гостите од Џорџија.
Сепак, така не мислеше Тре Јанг, го водеше својот тим со 22 асистенции (рекорд во кариерата), а ја постигна клучната тројка од девет метри на 90 секунди до крајот на мечот.
Јанг мечот го заврши со 20 поени (3/13 за три).
ICE
TRAE
YOUNG pic.twitter.com/x4v2UY5Do1— Atlanta Hawks (@ATLHawks) November 28, 2024
Покрај него, најзначаен придонес во триумфот имаше резервистот Диандре Хантер со 26 поени, заедно со Џејлен Џонсон со 22, односно Захари Рисашер и Богдан Богдановиќ со по 17 поени.
Атланта на Кливленд му го нанесе првиот пораз на домашен терен од почетокот на сезоната. Кавалирс со скор 17-2 и понатаму се први во лигата.
Спорт
Фердинанд му се восхитува на Ливерпул: Трчаат како ротвајлери низ теренот
Ливерпул го победи Реал Мадрид со 2:0 во најатрактивниот натпревар од петтото коло во Лигата на шампионите. Стрелци за англискиот тим беа Алексис Мек Алистер и Коди Гакпо.
Рио Фердинанд, легендата на Манчестер јунајтед, во стручна анализа за „ТНТ“ по натпреварот изјави дека „црвените“ во овој момент се најдобар тим во Европа.
„Во моментов изгледаат како најдобар тим во Европа. Играат како тим. Не само што бележат добри резултати, туку делуваат дека се гладни за успех. Изгледаат како да не се хранети со години, како ротвајлери кои трчаат низ теренот“, рече Фердинанд.
Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим заслужено загубил:
“Да бидам целосно искрен, резултаот е реален. Ливерпул заслужи да победи. Имаат навистина добра динамика, во одлична форма се и играат со висок интензитет”, заклучи тренерот на Реал Мадрид.
Лајт мотив одо овој натпревар се промашените пенали на Килијан Мбапе и Мохамед Салах.
По пет рунди, Ливерпул има максимален ефект, додека Реал е во тешка позиција со скромни две победи и три порази.
Спорт
Фудбалерите на Црвена звезда ќе добијат големи премии за триумфот над Штутгарт
Фудбалерите на Црвена звезда синоќ ја забележаа првата победа сезонава во Лигата на шампионите. На домашен терен го декласираа Штутгарт со 5.1. За победата фудбалерите ќе добија големи премии.
Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ откри важен детал од средбата пред натпреварот против Штутгарт.
„Одржав состанок со играчите и им кажав дека ќе победиме и дека мора да веруваат во победата. Им ветивме огромна премија за три бода. Верувавме во победа и тоа им го пренесовме на играчите. Со денови чувствувам добра енергија на тренинзите и им кажав дека имаме извонредни играчи, извонреден тренер, и покрај претходните резултати, верувавме во тоа што го правиме“, изјави Терзиќ.
Тој потоа го пофали својот тим.
„Ова е една од најголемите европски победи во историјата на Црвена звезда. Оваа победа е потврда дека се создава голема Црвена звезда. Верувам дека цела Европа вечерва зборува за Црвена звезда. Ги поканувам сите наши навивачи да дојдете на нашите натпревари и во домашното првенство бидејќи тоа е подготовка за европските натпревари, на нашите играчи им треба поддршка, се е полесно со големата поддршка од нашите навивачи, среќен сум, верувам дека цела Србија е среќна“, заклучи Терзиќ.