Свет
(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв
Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше во „ѕверот“ – неговата најнова лимузина, која чини 1,5 милион долари и во која има ладилник полн со крв од неговата крвна група.
Вчера Тајната служба пристигна во Њујорк со најновата во долгата серија специјално дизајнирани претседателски лимузини. Како и неговиот претходник, кој стапи во употреба за време на инаугурацијата на Барак Обама во 2009 година, новиот автомобил го носи прекарот Ѕверот (The beast).
Наменета да изгледа како продолжена верзија на Cadillac XT6 седан, оваа лимузина е само една од десетината што го сочинуваат договорот кој првично беше проценет на 15,8 милиони долари и беше дизајниран да му помогне на Трамп да ја преживее речиси секоја можна форма на терористички напад или атентат. И ако претседателот е повреден, „ѕверот“ има широк спектар медицински додатоци, вклучувајќи ладилник полн со крв од крвната група на претседателот.
President Trump, as seen from Marine One, arrives in New York City for #UNGA pic.twitter.com/p6ZVoamnaS
— Dan Scavino Jr. (@Scavino45) September 23, 2018
Најновата верзија на „ѕверот“, која беше нарачана од Тајната служба во 2014 година, се верува дека комбинира разни технологии. За новата верзија се смета дека користи мешавина на челична, алуминиумска и керамичка заштита, од кои секоја се фокусира на различен вид закана. Тајната служба одбива да обезбеди конкретни детали, но новата лимузина има заштита од најмалку осум сантиметри и повеќеслојни прозорци, кои ги прават вратите толку тешки како оние на авионот „боинг 757“.

„Кадилакот“ на Трамп е опремен со многубројни заштитни системи, а се проценува дека тежи 7-9 тони. Се шпекулира дека автомобилот поседува систем против пожар, ноќна камера, лансер за солзавец, запечатена вентилација во кабината и посебен систем за одбрана од ракетен напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

