Економија
(Видео) „ОВД електрик“ го проширува производството во земјата, најавени 90 нови вработувања
Германската компанија „ОДВ електрик“, која работи во технолошко-индустриската развојна зона Струга/Охрид, денеска објави дека почнува со реализација на втората фаза на инвестицијата, односно изградба на нов дополнителен производствен капацитет од 4.500 квадратни метри, инвестиција од 4,2 милиони евра и нови 90 вработувања.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, истакна дека владините мерки за поддршка на економијата даваат резултати, што се отсликува преку рекордниот износ на странски директни инвестиции во првото полугодие од 327 милиони евра, раст на индустриското производство од 5,5 проценти во првите 7 месеци од 2018 година, раст на просечната исплатена нето-плата над 6 проценти, како и раст на извозот од земјата.
Економскиот тим на Владата креира вистински политики за реалната економија, тоа стопанствениците го препознаваат и често ги удвојуваат или трикратно ги зголемуваат своите инвестици, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Многу важно во оваа втора фаза на инвестиција на ‘ОДВ електрик’ е што во новиот погон се планира вработување високоедуциран кадар, што значи дека се отвораат подобро платени работни места, што е и во фокусот на Владата. Подобри плати и повисок стандард за граѓаните на Република Македонија“, дополни Бектеши.
Меморандумот за реализација на втората фаза на инвестицијата го потпишаа директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски, и главниот извршен директор на компанијата „ОДВ електрик“, Мартин Ехрет.
„Компанијата ОДВ во моментот вработува 310 лица во својот објект со површина од 4.500 квадратни метри, а со новата инвестиција производствениот простор се удвојува и ќе изнесува околу 10 илјади квадратни метри“, нагласи директорот Младеновски.
„ОДВ Електрик“ е основана во 1970 годината и сè уште е во сопственост на основачките семејства. Покрај фабриката во Германија, во моментот компанијата работи со четири дополнителни подружници на југот на Унгарија, западниот дел на Украина, Македонија и во Мексико. На крајот на 2017 година ‘ОДВ електрик’ вработуваше околу 2.200 лица во сите четири фабрики’, рече извршниот директор на „ОДВ електрик“, Мартин Ехрет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

