Свет
Золтан Ковач: Нуклеарната опција на ЕУ е лов на вештерки и политичка одмазда
Парламентот на ЕУ ги прекрши своите правила со активирањето на т.н. нуклеарна опција против Будимпешта, изјави портпаролот на унгарската влада за „Раша тудеј“, нагласувајќи дека членот 7, кој дозволува да ѝ се наметнат санкции на една земја, е политичка одмазда.
„Унгарија ќе го оспори правниот процес – или поточно политичкиот процес што беше камуфлиран како правен процес – во парламентот на ЕУ“, рече Золтан Ковач.
Тој верува дека гласањето на Европскиот парламент за активирање на членот 7, со кој ќе се дозволат казнени мерки против Унгарија, е спротивно на повелбата и кршење на правилата на ЕУ. Членот 7 од договорот од Лисабон од 2007 година, често нарекуван нуклеарна опција, е дизајниран да се применува ако постои јасен ризик од сериозно кршење на вредностите на ЕУ од страна на една земја членка и дозволува да се наметнат санкции.
Пратениците гласаа за активирање на постапката од член 7 против Унгарија на 12 септември. Ковач смета дека оваа одлука е политичка одмазда против Унгарија за она што Будимпешта го направи во изминатите осум години, со посебен акцент на унгарскиот став против нелегалната миграција. Според Ковач, европските левичарски и либерални функционери почнале да ги користат прашањата за човековите права, владеењето на правото и корупцијата како црвена буква против Будимпешта.
„Тие се обидуваат да нè притегнат во ќош од кој мораме да се браниме. Тоа е политичко уценување, тоа е лов на вештерки. Унгарија, сепак, ќе продолжи да се залага за својата верзија на она што се случува во Европа со посебен акцент на илегалната миграција“, рече Ковач, кој во неколку наврати изрази противење на квотите за мигранти на ЕУ.
Според Ковач, актуелната ситуација во Европа е бизнис-модел на границата на Европа, каде што трговците со луѓе и организациите за човекови права им помагаат на нелегалните имигранти да дојдат до ЕУ.
„Овие луѓе одат против правниот систем во кој треба да постои ЕУ. Унгарија реагира на реалноста на теренот и властите ќе воведат остри мерки против оние што работат заедно со трговците со луѓе и експлицитно им помагаат на нелегалните мигранти да ја преминат границата. Нашата намера е да ги вратиме работите на нозе и да ги вратиме законот и редот на границите на Европа“, додаде тој.
Прашан дали Унгарија некогаш може да го напушти блокот, тој одлучно одговори негативно.
„Ние нема да го напуштиме ниту ЕП ниту Европа. Унгарија отсекогаш припаѓала на европското семејство држави“, рече Ковач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

