Свет
Мексиканската војска го презеде Акапулко, полицијата разоружана поради врски со картелите
Мексиканските власти ја разоружаа и ја ставија под истрага целата полиција од некогаш гламурозното одморалиште Акапулко. Причината за тоа е инфилтрацијата на нарко-мафијата во полициските редови, пренесува агенцијата АП.
Покрај тоа, владата во мексиканската сојузна држава Гереро, во која се наоѓа Акапулко, издаде потерници за двајца полициски командири поради обвинение за убиство.
Локалната влада соопшти дека презела таков чекор поради сомневање дека во полицијата се инфилтрирани криминални групи и поради целосната пасивност на полицијата во борбата против криминалот.
На останатите полицајци им се одземени пиштолите, радио уредите, панцирите и биле подложени на дополнителни проверки. Наместо нив, полициската работа ќе ја вршат војници, маринци и државната полиција.
Акапулко некогаш беше омилена дестинација на холивудските ѕвезди, која практично е уништена поради војната против нарко-картелите. Владата на САД го повтори своето предупредување до граѓаните да не патуваат во државата Гереро поради активности на вооружени групи.
Минатата година, во Акапулко се регистрирани 103 убиства на 100 000 луѓе, што е една од највисоките стапки на убиства во Мексико и во светот.
Локалната полиција веќе е распуштена во неколку делови на Мексико поради корупција и врски со картелите. Во Гереро, ова веќе е направено во десетина градови, но во ниеден толку голем како Акапулко, каде живеат околу 800 000 луѓе. Во северната држава Тамаулипас, речиси сите полициски сили се распуштени од 2011 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Нема струја, водата носи мостови, расте бројот на исчезнати во Швајцарија (ВИДЕО)
Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата.
„Големите бури предизвикаа свлечиште во регионот Фонтана и луѓе се пријавени како исчезнати“, се наведува во соопштението на полицијата без да изнесат дополнителни детали.
Спасувачките акции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат од полицијата. Апел за евакуација од куќите во близина на реката Маги е упатен рано утрово за жителите на Прат-Сорника и долината Маги, каде се бараат исчезнатите. Патиштата се пресечени, а камповите што се наоѓаат покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција. Водата однесе мост и блокираше кантонален пат. Струјата е исклучена во делови од регионот, а дел од кантонот остана без питка вода, според федералниот систем за предупредување Swissalert. Голем дел од Швајцарија од вчера попладне беше погоден од силни грмежни невремиња проследени со многу обилни врнежи.
⛈️ Nouvelle catastrophe à Zermatt en Suisse où des orages diluviens causent des inondations cette nuit, 8 jours après les précédentes. 🌊 (© Manuel Jorge) pic.twitter.com/eYuKmHmZT5
— Météo Express (@MeteoExpress) June 29, 2024
Европа
Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина
Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Европа
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.
Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови.