Контакт

Вести

ОН бараат истрага за нападот врз болницата во Кундуз, за Обама ‘трагичен случај’ – ВИДЕО

Објавено пред

 Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун го осуди американскиот воздушен напад од саботата врз болницата во авганистанскиот град Кундуз во кој загинаа најмалку 19 и уште 37 луѓе беа ранети и побара независна и транспарентна истрага, додека американскиот претседател Барак Обама изјави дека станува збор за „трагичен случај“ и оти Пентагон ќе спроведе „целосна истрага“.

dobivaj vesti na viber

Во воздушниот удар за кој се обвинети американските воздушни сили во северниот дел на Авганистан беше нападната болница на меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници (MSF), во која во моментот на нападот имало најмалку 105 пациенти и уште 80 вработени и персонал, Авганистанци и странски државјани. Според последните податоци, најмалку 12 вработени во MSF се меѓу жртвите, како и четири возрасни пациенти и три деца. Покрај 37-те ранети, уште многу луѓе се водат како исчезнати во остатоците од едно болничко крило кое целосно е уништен.

„Генералниот секретар силно ги осудува воздушните напади во Киндуз кои предизвикаа смрт и ранување на медицински персонал и пациенти в болницата на Лекари без граници на 3-ти октомври“, се наведува во писмената изјава од кабинетот на Бан Ки-мун во која се потсетува дека болниците и болничкиот персонал се строго заштитени со меѓународното хуманитарно право. Бан повикува на „темелна и независна истрага за да се обезбеди да има одговорност“ за слученото.

Американската војска призна дека изведувала воени операции „во близина“ на болницата, наводно гаѓајќи ги талибанските бунтовници кои пукале врз американски воен персонал и дека го истражува случајот. НАТО призна дека во еден американски воздушен напад „можеби е сторена колатерална штета врз блискиот медицински центар“

Првата бомба паднала во 2,10 часот во саботата утрото, на персоналот на MSF се јавил во штабот на НАТО во Кабул во 2,19 часот, а воените функционери во Вашингтон ги информирале неколку минути подоцна, но бомбардирањето продолжило до 3,13 часот, изјавил за Reuters неименуван функционер на Лекари без граници.

Американскиот претседател Барак Обама изрази сочувство поради настраданите здравствени работници и персоналот, нарекувајќи го тоа „трагичен случај“. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека целосна истрага води Министерството за одбрана. „Ќе ги почекаме резултатите од истрагата, пред да донесеме конечен суд за околностите на оваа трагеди9ја“, се наведува во соопштението на Обама.

„Станува збор за голема трагедија, за којашто нема оправдување и, можно е да се претставува кривично дело“, изјави Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал-Хусеин. Барајќи темелна и транспарентна истрага тој додаде истакна дека „бомбардирањето на болницата може да биде воено злосторство доколку судот докаже дека бил планиран“.

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави во саботата ноќта дека се води „сеопфатна истрага“ за нападот, но не потврди дека го извеле американските сили. Според него, истрагата се води „в соработка со авганистанската влада“ и дека САД „ќе ја продолжат соработката со авганистанските партнери за да се направат обиди да се запрат судирите во Кундуз и во околината“.

Од MSF повторно истакнаа дека податоците за локацијата на болницата неколку им биле дадени на коалициските сили и на авганистанската страна во последните неколку месеци, а последен пат оваа седмица која .

Кундуз е голем и стратешки важен град во северен Авганистан, и изминатата седмица беше заземен од талибанските бунтовници. Авганистанското министерство за одбрана објави дека талибаните ја напаѓале болницата и ја користеле како „човечки штит“.

Снимките од местото на нападот покажуваат дека е урнат ден ѕид од болницата. „Три соби целосно се изгорени. Од некои се издигаше густ чад“, изјави Саад Муктар, директор за јавно здравство во Кундуз кој ја посетил болницата по нападот, додавајќи дека морал да ја напушти бидејќи сé уште се водат борби.

Од почетокот на борбите за Кундуз во понеделникот, болницата која располага со 150 кревети за пациенти, прифатиле вкупно 400 пациенти, кои биле сместувани во ординациите и административните простории на душеци на подовите./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија14 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија14 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија16 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија16 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ16 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија17 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија19 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија19 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија19 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет21 час

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет21 час

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет21 час

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа21 час

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа22 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа22 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет22 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...