Македонија
Раководството на Левицата заработи кривична пријава за фалсификување документи
Поранешни членови на Президиумот и на Централниот комитет на Левицата, кои се декларираат како основачи на партијата, поднеле кривична пријава против актуелното раководство. Тие ги обвинуваат првите луѓе во Левицата дека фалсификувале документи и ја злоупотребиле својата позиција во партијата како што ги злоупотребиле и правните институции во државата за заштита на сопствената раководна позиција и лични интереси поради кои се киднапирала и самата партија.
Пријавата ја поднеле до Основното јавно обвинителство Скопје и тоа против овластеното лице што ја застапува и претставува политичката партија Левица за сторено кривично дело фалсификување службена исправа и против лицето Н.Н. во Основниот суд Скопје за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
„До сознанијата за вакво сторено кривично дело членови на партијата доаѓаат при свикување вонреден пленум на кој, поради незадоволство од раководството на партијата, членството гласа недоверба на постојниот ЦК и на Президиумот, недоверба на трибунатот, недоверба на овластено лице, како и на лицето овластено за материјално-финансиско работење и носи одлука за нови управни органи на партијата.
Одлуката се носи во Основниот суд Скопје 2, каде што се наоѓа и судскиот регистар на политички партии како би се извршила промената на овластеното лице. Во текот на рочиштето судот ја изложи на увид регистрациската влошка со сите документи, во која постои и документ заверен со потпис од овластеното лице од раководството на партијата, кој никогаш не бил изгласан на основачкото собрание и кој не постои во листата на поднесени документи при самата регистрација, а за чие постоење основачите првпат дознаваат на тоа рочиште, при што констатираат дека станува збор за документ што раководството го фалсификувало без знаење на пленумот“, пишува во соопштението.
Второ кривично дело и злоупотреба на правните институции на државата е што тој документ се нашол во регистарската влошка по регистрацијата, со што, според нив, се докажува преку фактот дека не постои во барањето за запишување во судскиот регистер, каде што се наведени сите документи поднесени за регистрација на партијата. Групата основачи обвинува дека на тој начин раководството на партијата го корумпирало правниот поредок за да се заштити од волјата на членството и прекршило закони за свое лично обезбедување, а со оглед на правната екпертиза на раководството тие точно знаеле дека ги кршат статутот, сите правни акти на партијата, како и законите на државата.
„Ако раководството на Левицата е во состојба да ја злоупотреби сопствената партија и да крши закони за да осигура свое владеење наместо демократски избор на кој членството ќе ја изрази волјата, не сакаме ни да помислиме како би ја злоупотребиле државата и законите за да обезбедат недемократско владеење. Како да веруваме дека раководството го брани Уставот на државата ако го крши законот за да се спаси од демократскиот глас? Како да веруваме на која било правна експертиза и анализа на раководството на партијата ако свесно корумпираат судски систем за да обезбедат непречено владеење?“, пишува во соопштението потпишано од Перо Оџаклиески од Скопје, основач и член на Президиумот, Владимир Куновски од Скопје, основач и член на ЦК, Андон Андоновски од Скопје, основач и член на ЦК, Марјан Ненов од Скопје, член на ЦК, Петре Вртаноски од Скопје, основач и член на ЦК, Страшо Наумоски од Прилеп, основач и член на ЦК, Јане Илиоски од Прилеп, основач и член на ЦК, Петко Манчевски од Прилеп, основач и член на ЦК, Димче Божиновски од Прилеп, основач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

