Свет
Антимигранската АФД ќе отвора еврејски разгранок во партијата
Антимигрантската Aлтернатива за Германија (АФД) рутински ја обвинуваат дека има антисемитски ставови, но нејзините еврејски поддржувачи кренаа многу врева деновиве со формирањето разгранок базиран на верата во рамките на партијата што на некои Евреи не им се доаѓа. Еврејскиот разгранок во рамките на АФД планира да го одржи својот прв состанок во германскиот град Офенбах на 7 октомври, објави „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, цитирајќи го писмото упатено до весникот.
Еврејскиот разгранок ќе биде додаток на веќе постојниот христијански разгранок од АФД, чиј лидер тврди дека и покрај таквата репутација, партијата не е антисемитска.
„Тоа воопшто не важи за она што сме. АФД не е антисемитска партија, ние не толерираме антисемитизам во партијата. Ако такво нешто се појави, тогаш тие луѓе ќе бидат исфрлени од партијата“, рече Јоаким Кус во изјава за „Дојче веле“.
Сепак, оваа вест се чини дека е редок пример во кој АФД и Евреите не се појавуваат како две спротивставени страни во медиумите, кои често ја обвиниуваат партијата дека има неонацистички врски, прикриени антисемитски гледишта и ги минимизира ужасите на холокаустот. Во јуни, колидерот на АФД, Александар Галанд, ја нарече нацистичката ера куп птичји измет во повеќе од 1.000 години успешната германска историја. Минатиот месец еден локален лидер на АФД беше жестокот критикуван кога го нарече кукавица и предавник човекот што се обидел да го убие Адолф Хитлер.
Димитри Шулц, основач на планираниот еврејски разгранок, се согласува со Кус велејќи дека АФД е единствената партија во Германија која антисемитизмот го прави тема од страна на муслиманите, без да ја тривијализира.
Меѓутоа, не сите се убедени во тоа, меѓу кои и многу Евреи во Германија што не може да си замислат некој од нивната вера да се здружи со АФД. Меѓу нив се и членовите на Еврејската унија на студентите на Германија, кои ја сметаат АФД за една од најголемите закани за еврејскиот живот во Германија.
„АФД не добива кошер-сертификат од нас“, изјави лидерот на групата, Далија Гринфелд, која рече дека нејзината група ги повикува сите Евреи во Германија да се приклучат на протестот во Офенбах, да се соберат против создавањето еврејски разгранок во партијата.
Потегот на АФД доаѓа во услови на пораст на антисемитските злосторства во Германија. Полициските податоци покажуваат дека таквите напади се зголемиле 10,7 отсто во првата половина од 2018 година во споредба со истиот период лани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот
Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за штети на станбени згради и други објекти.
Службениците, исто така, објавија дека руските воздушни напади се случиле во други украински региони, вклучувајќи го и Харков, вториот по големина град во земјата, каде што регионалниот гувернер рече дека две лица се повредени. Во Киев, сведоци на Ројтерс слушнале силни експлозии по полноќ и рекле дека биле користени и ракети и дронови.
Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на градот, изјави на Телеграм дека неколку станбени згради, образовна институција и деловна зграда се оштетени во областите источно од реката Днепар.
Little after midnight, the russian degenerates massively attacked Kyiv (several other cities as well 😡)! It is reported that there are civilian casualties and that residential buildings were hit! 😡! @IntlCrimCourt #RussiaIsANaziState pic.twitter.com/5TKrk0GoTW
— Clown (@DanaSLJL) February 3, 2026
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека зграда на градинка се запалила, а нестанбена зграда е погодена во источните делови на градот.
Воздушниот напад останал на сила повеќе од два часа откако бил прогласен. Видеата објавени на социјалните медиуми покажуваат стан на горните катови од станбена зграда во Киев во пламен.
Russians attacked a residential building in Kyiv.
Video by Dobrosonov for Telegraf. pic.twitter.com/tLjKy6HLYa
— Oriannalyla 🇺🇦 (@Lyla_lilas) February 3, 2026
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, пријави серија напади со дронови и ракети. Јавниот сервис „Суспилне“ објави серија експлозии во југоисточниот град Днепар и во Суми, во близина на руската граница.
Свет
Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка
Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу Џефри Епстин и неидентификувано лице во септември 2018 година.
Во разговор што се одвивал во текот на два дена преку iMessage услугата на Apple, неидентификуваното лице (чиј идентитет и телефонски број се затемнети) споменува жена опишана како 23-годишна поранешна манекенка од Русија.

Лицето му се обраќа на Епстин со „Џефри“ и пишува: „Можеби имам убава, паметна девојка за вас, господине“, на што Епстин одговара со прашањето: „Паметна девојка?“
Неидентификуваното лице одговара: „Да, многу интелигентна и фина личност“, пред да му испрати две фотографии од жената со покриено лице. Епстин потоа прашува за нејзиното име и детали, но тие детали остануваат редактирани во документите.

Во пораките се наведува дека жената поминала „половина година во Сан Диего на размена од Московскиот универзитет“ и дека сака да остане во Соединетите Држави. Неидентификуваното лице додаде дека ќе му открие „повеќе детали во живо“ на Епстин.
Потоа Епстин бара банкарски податоци од третото лице, а во порака испратена пет часа подоцна, тој вели: „Денес ти испратив 5.000 долари“. Следниот ден, тој проверува дали парите се депонирани.

Овие пораки, според објавените документи, биле разменети помалку од една година пред Епстин да биде пронајден мртов во затворска ќелија во август 2019 година, по неговото апсење под обвинение за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.
Свет
Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина откако изрази загриженост за екстремно ниските температури што ја погодуваат земјата.
Во разговор со новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека директно го контактирал Путин за да побара привремена пауза во ракетните напади, особено оние што ги таргетираат големите градови.
„Го повикав претседателот Путин“, рече Трамп, истакнувајќи дека и Русија поминува низ силен студен бран, но дека температурите во Украина се значително постудени.
„Имаат огромен студен бран“, рече тој, додавајќи дека го замолил Путин да ги одложи нападите една недела за да не бидат испукани ракети врз Киев или кој било друг град. Според Трамп, Путин се согласил.
„Тоа е нешто“, заклучи американскиот претседател.
По изјавите на Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Трамп го замолил Путин да ги запре нападите врз Украина, но не сакаше да потврди дали рускиот претседател се согласил со барањето.

