Регион
Турција ги бомбардираше курдските позиции во Северен Ирак

Турските воздухопловни сили извршија масивен одмазднички напад врз позициите на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) на територијата на Северен Ирак, во кој учествувале 53 борбени авиони, јавуваат во вторникот турските медиуми повикувајќи се на воени извори.
Според телевизијата NTV, воздушната операција во која учествувале борбените авиони од типот F-16 и F-4 траела цела ноќ, и биле истрелани повеќе од 130 проектили врз 20 цели на курдските герилци во областите Кандил, Хакурк, Авашин, Басјан, Метина, Гаре, и Зап во курдската автономна покраина Северен Ирак. Притоа, турски воени извори за телевизијата рекле дека во нападите загинале најмалку 40 курдски борци.
Турската државна новинска агенција Anadolu Agency (AA), повикувајќи се на своите воени извори, јавува дека операцијата траела шест часови со интензивни бомбардирања во кои загинале „35 до 40 милитанти, според прелиминарните процени“.
По првичниот молк во врска со големината на загубите на турската армија, во вторникот воениот врв потврди дека 16 турски војници биле убиени во бомбашкиот напад врз оклопниот конвој во неделата, за кој одговорноста на преземаа герилците на PKK.
Владата во Анкара, по овој најсмртоносен напад врз нејзините сили откако Турција кон крајот на јули ги започна операциите против PKK и воопшто во повеќе од тридецениската вооружена борба на курдските милитанти, вети дека ќе искорени оваа организација која се залага за поголема автономија на курдската заедница, а е ставена на листата терористички организации на ЕУ и САД.
Од крајот на јули, турската армија врши голема воздушна кампања против упориштата на PKK во југоисточна Турција и Северен Ирак, на што милитантите возвраќаат со речиси секојдневни напади врз полицијата и безбедносните сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.