Спорт
„Металците“ стартуваа во АБА2 со убедлива победа над Домжале
МЗТ Скопје стигна до убедлива 92:79 (21:27,22:13,28:18,21:21) победа над словенечкиот тим Хелиос Домжале за да ја започне новата сезона во АБА втората лига откако минатата сезона не успеа да се спаси од испаѓање.
Гостите почнаа подобро во „Јане Санданс…
МЗТ Скопје стигна до убедлива 92:79 (21:27,22:13,28:18,21:21) победа над словенечкиот тим Хелиос Домжале за да ја започне новата сезона во АБА втората лига откако минатата сезона не успеа да се спаси од испаѓање.
Гостите почнаа подобро во „Јане Сандански“, откако во финишот на првата четвртина направи предност од 27:21, пред „металците“ да се разбудат во втората третина за да направат пресврт и да поведат со 43:40 на полувреме. Мечот беше „скршен“ на стартот на второто полувреме, кога МЗТ ја направи разликата и потоа рутински стигна до 92:79 победа.
Најдобар во МЗТ Скопје беше Бојиќ со одлични 22 поени, додека Вудард додаде 19, а Дамјан Стојановски 16 поени. Следен противник за МЗТ е српскиот Борац од Чачак, повторно на домашен терен.
Фото: МЗТ Скопје/АБА лига
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тотенхем шест недели без Соланке
Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, по победата на неговиот тим кај Хофенхајм (3.2) во Лига Европа, објави колкава пауза го чека првиот напаѓач Доминик Солеанке.
Поради повредата што ја заработи на натпреварот против Арсенал, Соланке ќе отсуствува шест недели. Во дербито на северен Лондон, Соланке го повреди коленото.
Соланке летово им се приклучи на Спарс од Бурнмут, постигна седум гола во Премиер лигата, а додаде и три асистенции на 18 настапи. Постекоглу нема да може да смета на него во важен период, а неговото враќање се очекува на почетокот на март.
Тотенхем има огромни проблеми со повреди. Надвор од тимот се Бисума, Џонсон, Одобер, Регуилон, Ромеро, Сар, Удоги, Ван де Вен, Викарио и Вернер.
Спорт
Јокиќ и Адетокумбо ќе ги претводат петорките на Ол-стар натпреварот
НБА лигата ги објави стартните петорки за Ол стар натпреварот кој ќе се одигра на 17.февруари во Сан Франциско.
Стартерите беа избрани врз основа на 50 отсто гласови на навивачите, 25 отсто гласови на медиумите и 25 отсто гласови на играчите.
Останатите 14 учесници ќе бидат избрани од тренерите, а одлуката ќе биде објавена на 30 јануари.
Почнувајќи од оваа година, Ол-стар натпреварот ќе има нов формат, ќе се играат три натпревари, 24 играчи ќе бидат поделени во три тима, а тимотвите ќе ги бираат Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит.
Најмногу гласови од навивачите добија Јанис Адетокумбо и Никола Јокиќ. Изненадувачки, двајца стартери во тимот на Источната конференција доаѓаат од Њујорк Никс: Џејлен Брансон и Карл-Ентони Таунс. Покрај нив двајца тука се и Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс) Донован Мичел од Кливленд и Џејсон Тејтум од Бостон.
Петорката на Западот ја предводи Никола Јокиќ, покрај него тука е и Шеј Гилџес-Александер од Оклахома и ветераните Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс, кој ќе учествува на Ол Стар натпреварот по рекорден 21. пат, Стеф Кари од Голден Стејт и Кевин Дурент од Феникс.
The top finishers by position group in the final fan voting returns ⬇️ https://t.co/3aHsiMb8eW pic.twitter.com/ZuOrhEmKZU
— NBA Communications (@NBAPR) January 24, 2025
Спорт
Ѓоковиќ не знае дали следната година ќе игра на АО
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не ја отфрли можноста дека овогодинешниот Австралија опен е последен во неговата кариера.
Ѓоковиќ по првиот сет се повлече од полуфиналниот меч против Александар Зверев, по повредата што ја заработи на мечот против Карлос Алкараз.
На прашањето дали ова му е последен настап на Грен слем турнирот во Мелбурн, тој немаше прецизен одговор.
„Не знам… Има шанси, кој знае. Ќе треба да видам како ќе помине сезоната. Сакам да продолжам, но дали следната година ќе имам поинаков распоред, не знам. .. Ги имав најголемите успеси во Австралија, сакам да доаѓам овде. Ако сум здрав, фит и мотивиран, не гледам причина зошто не би дошол, но секогаш има шанса “, рече Ѓоковиќ.
За потсетување, Ѓоковиќ за прв пат играше на Австралија опен во 2005 година и оттогаш овој турнир го освои 10 пати.