Македонија
Со низа активности Бошњаците во Македонија го одбележуваат националниот празник

Вчера во општина Петровец по повод Денот на Бошњаците се одржа фестивал на фолклорот „Коњаре 2018“, со што почна одбележувањето на овој голем празник. На фестивалот присуствуваа повеќе фолклорни групи, кои се претставија со ора и песни од сите народи што живеат во Македонија.
На фестивалот присуствуваше градоначалникот на општина Петровец – Борче Митевски, пратеникот во Собранието – Зеќир Рамчиловиќ, претставници од Министерството за култура, претседателот на Бошњачкиот демократскиот сојуз – Мунир Колашинац, претседателот на Бошњачката демократска партија – Салко Куч, претставници на политички партии и здруженија и голем број Бошњаци од разни делови на нашата држава.
Пред присутните се обрати пратеникот Рамчиловиќ.
„Веќе подолг период не чувствувам никаква потреба на кого било да му објаснувам за името на еден стар европски народ. Но, не смееме да заборавиме дека пред повеќе од еден век ни го сменија името од Босна во Босна и Херцеговина, ни забранија да се изјаснуваме како Бошњаци, ни забранија да го нарекуваме босански својот јазик, се обидоа да нè асимилираат, ни нанесоа геноциди. Некој интензивно се трудел да нè нема. Токму затоа треба да го одбележуваме 28 септември, денот кога го вративме своето вековно и единствено име, денот кога ја вративме својата национална гордост“, рече Рамчиловиќ.
Во рамките на одбележувањето, Здружението „Диван“ објави збирка поезија „Мостови на пријателство 2“, подржана од Министерството за култура, во која најмногу се застапени автори Бошњаци од регионот, со која симболично им го честита денот на Бошњаците.
За денес се предвидени низа активности, од кои за одбележување е трибината „Предизвици на босанскиот јазик кај бошњачката заедница во Република Македонија“, со почеток од 14 часот, со учество на јазичари, историчари од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Од 18.30 во Домот на АРМ е промоцијата на книгата „Па све до Стамбола“ од академикот Фатмир Бачи, каде што ќе се одржи и централната манифестација од 20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.