Спорт
Диего Коста пред дербито со Реал: Ќе се испоубиеме
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, најавува голема борба во градското дерби со Реал. „Мадрилење“ дербито на програмата е в сабота, од 20:45 часот, на стадионот на Реал.
„Секогаш сакаме да го победиме Реал. Истото го сакаат и тие. Сакаме да биде…


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, најавува голема борба во градското дерби со Реал. Дербито „Мадрилење“ на програмата е в сабота, од 20.45 часот, на стадионот на Реал.
„Секогаш сакаме да го победиме Реал. Тоа го сакаат и тие. Сакаме да биде офанзивни и да постигнуваме многу голови. Ќе се испоубиеме по теренот“, рекол Коста во интервју за „Марка“.
Бразилецот со шпански пасош не е во голгетерска форма, во првите шест кола во Ла Лига нема постигнато гол, а во Лигата на шампионите постигна гол против Монако. Сезоната Коста ја започна со два гола во УЕФА Суперкупот, токму против Реал.
„Ми пречи кога сум во голгетерски пост, потребно ми е да постигнам гол. Факт е дека не влегувам во доволно шанси, но тоа не е вина на соиграчите. Едноставно, се случува“, изјавил 29-годишниот напаѓач.
По шест кола во Ла Лига, Реал има 13 бода и ја дели првата позиција со Барселона, а Атлетико е зад нив со два бода помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ужасни вести за Иско и аа Бетис: сериозна повреда и неколку месеци одмор

Фудбалерот на Бетис, Иско, ја скрши фибулата на левата нога, објави шпанскиот клуб.
Иско се повредил на пријателски натпревар против Малага, а Бетис изјави дека шпанскиот играч од средниот ред „ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели“ и дека „неговото враќање ќе зависи од напредокот на повредата“. Сепак, шпанските медиуми објавија дека Иско ќе отсуствува околу три месеци.
„Ова е нова трауматска повреда која не е поврзана со претходна повреда која е санирана“, додаде Бетис во соопштението.
Иско (33) беше прогласен за најдобар играч во Конференциската лига минатата сезона, стигнувајќи до финалето со Бетис, а беше избран и во тимот на годината во шпанската Ла Лига.
Пред да се приклучи на Бетис, тој играше за Севиља, Реал Мадрид, Малага и Валенсија, додека одигра вкупно 39 натпревари за шпанската репрезентација и постигна 12 гола.
фото: принтскрин
Спорт
Полската репрезентација патува ослабена на Европското првенство: Џереми Сочан го пропушта шампионатот поради повреда

Кошаркарскот репрезентативец на Полска, Џереми Сочан ќе го пропушти овогодинешното Европско првенство поради повреда на листот.
Иако не се смета за сериозна, повредата бара одмор и рехабилитација, што го исклучува Сочан од учеството за полската репрезентација на помалку од три недели до турнирот, објави официјалната веб-страница на Европското првенство.
„Многу ни е жал што летото на Џереми со репрезентацијата завршува толку брзо. Тој е ценет член на нашиот тим и има одличен однос со тимот“, рече селекторот на полската репрезентација Лукаш Кошарек.
Сочан е играч на Сан Антонио, а минатата сезона во Американската професионална кошаркарска лига (НБА) имаше просек од 11,4 поени, 6,5 скока и 2,4 асистенции.
Полска е еден од домаќините на овогодинешното Европско првенство, кое ќе се одржи од 27 август до 14 септември, а во групата Д ќе играат со репрезентациите на Франција, Словенија, Израел, Белгија и Исланд.
фото: принтскрин
Спорт
(Видео) Модриќ дебитираше во дебаклот на Милан

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот прв натпревар за Милан откако пристигна како слободен агент.
„Росонерите“ дожевеаја дебакл на „Стемфорд Бриџ“, на генералната проба пред почетокот на новата сезона.
„Сините“ ги декласираа со резултат од 4:1, а Модриќ го одигра целото второ полувреме за гостите од Милано.
Во моментот на влегување во играта, Челзи водеше со автогол на Андреј Кубиш во петтата минута, и голот на Жоао Педро во осмата минута. Романскиот дефанзивец дефинитивно беше трагичара, бидејќи заработи директен црвен картон во 18-та минута.
Лиам Делап го зголеми резултатот од пенал во 67-та минута, а Јусуф Фофана го постигна почесниот гол за Милан во 70-та минута.
Делап ги постави конечните 4:1 во 90-та минута и ја запечати победата на Челзи, кој следната недела ќе го пречека Кристал Палас.