Регион
Црногорците му се враќаат на Јосип Броз Тито, ќе му подигнат споменик во Подгорица

Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, најави дека главниот град на Црна Гора ќе ја поддржи иницијативата за подигнување споменик на Јосип Броз Тито во тој град.
Порталот CdM пишува дека политичката јавност е поделена, но дека историчарите немаат дилема оти главниот град треба да има споменик од некогаш доживотниот претседател на СФРЈ.
Вуковиќ смета дека Тито треба да има споменик во Подгорица, која цели 47 години се викаше Титоград.
Историчарот Аднан Прекиќ порачува дека се занимавал со социјализам и дека Црна Гора во тој период направила најзначајен напредок во цивилизациски, културен, но и на секое друго ниво.
„Јосип Броз Тито, всушност, е симбол на таквото време. Односот кон времето и вредностите што ги негувало тоа време со сите свои проблеми, ограничувања, кои се однесуваат на демократизацијата на општеството, тоталитаризмот во кој живеевме, сепак, не можеме да го заборавиме, ниту цивилизациските и културни предности што ги донесе тоа време. Јосип Броз Тито секако е симбол на едно време“, рекол Прекиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб, на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.