Свет
Русија и Кина им се спротивставија на САД во врска со санкциите врз Северна Кореја
Русија и Кина се спротивставија на напорите на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, за меѓународен притисок врз Северна Кореја.
За време на состанокот на Обединетите нации, Помпео изрази разочараност што некои земји ги прекршуваат санкциите врз Северна Кореја, кои се значаен дел од американската стратегија да го натера Пјонгјанг да се откаже од своето нуклеарно оружје.
„Неопходно е членовите на Обединетите нации да го сфатат тоа“, рече Помпео во врска со потребата да се продолжи со притисокот врз Северна Кореја.
Како одговор на таквото барање, претставниците на Русија и Кина им потенцираа на САД дека треба да направат некои отстапки доколку саат Северна Кореја да ги исполни нивните услови.
Министерот за надворешни работи на Кина го поздрави ангажманот на САД со Северна Кореја, велејќи дека тие треба да му понудат на Пјонгјанг нешто што долго време го бара – официјален крај на непријателството меѓу двете земји.
Рускиот министер за надворешни работи, од своја страна, рече дека напорите на Северна Кореја за за прекин на ракетните тестирања треба да бидат проследени со олеснување на санкциите.
„Неприфатливо е санкциите против Северна Кореја да станат инструмент за колективно казнување“, рече Сергеј Лавров.
Помпео подоцна изјави дека следниот месец ќе отпатува во Пјонгјанг за да се состане со претседателот Ким да и го забрза дипломатскиот процес меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

