Регион
Грчки анархисти се обиделе насилно да влезат на српски воени гробишта

Група грчки анархисти се обиделе насилно да влезат на српските воени гробишта во Зејтинлик и напишале графити.
Таму се одржува централно комеморативно собирање по повод големиот јубилеј, стогодишнината од пробивот на Солунскиот фронт.
Групата грчки анархисти се обиделе насилно да влезат, но бидејќи биле спречени тие пред влезот, лево и на десната страна со црвен спреј напишале на грчки: „Ние не се бориме за државата и за Бога” и „Не треба да се бориме за никого”.
На анархистите им беше забрането да влезат на гробиштата, но не и да растураат летоци и да ги испишат портите, рече чуварот на гробиштата, Предраг Недељковиќ, наследникот на 91-годишниот Ѓорѓе Михајловиќ, кој денеска пред влезот на Зејтинлик ги дочекува бројните посетители на овој значаен собир.
Недељковиќ за агенцијата „Танјуг“ изјави дека конзулатот на Србија во Солун бил информиран за инцидентот, и ќе ги преземе неопходните чекори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ објави снимка, им даде понуда на студентите, доби веднаш одговор

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на студентите кои речиси осум месеци протестираат против неговиот режим и ги покани нивните претставници на јавна ТВ дебата.
„Предлагам разговор и дебата на сите наши телевизии и портали, со легитимни претставници што тие ќе ги изберат. Подготвен сум да влезам во дијалог, дебата јавно, со тројца или четворица кои размислуваат поинаку. Тие имаат право да го бараат ова од својот претседател, вклучувајќи избори и сè друго“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека целта не е да се победи во дебатата, туку да се најде решение заедно: „Време е секој од нас да си ги покаже своите лица, да се покажат нашите лица и програми. Сакам борба за визии, борба за иднината, да го решиме ова преку дијалог и разговор, без конфликти и насилство. Да ја обновиме земјата и да ја вратиме на вистинскиот пат. Ќе се потрудам да покажам тоа почитување“, напиша тој на Инстаграм.
Можда кад распишеш изборе!@avucic pic.twitter.com/cNZE2Ko6LR
— Poljoprivredni blokada (@agrifblokira) August 22, 2025
Реакцијата на студентите дојде брзо. Студентите на Земјоделскиот факултет во Белград накратко твитнаа: „Можеби кога ќе распишете избори!“
Predsednik nas je pozvao na javnu debatu. Očigledno da nema odgovor na narodni bunt, pa bi sad i da razgovara sa nama koje mesecima naziva teroristima. O vizijama i programima za budućnost ćemo debatovati, u predizbornoj kampanji, kad raspiše izbore.
— Filozofi u Blokadi (@FFUBublokadi) August 22, 2025
Студентите од Филозофскиот факултет, исто така, се изјаснија: „Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно, тој нема одговор на народното востание, па сега би разговарал со нас, кои со месеци ги нарекува терористи. Ќе дебатираме за визиите и програмите за иднината во изборната кампања, кога ќе распише избори.“
Регион
Две жени се удавија во морето во Бугарија

Два смртни случаја во вода се регистрирани денес на јужниот брег на Црното Море.
Околу 12.50 часот 56-годишна жена од Софија се удавила во незаштитениот дел од плажата „Делфин“ во близина на Ахтопол.
Еден час подоцна, околу 13.20 часот, на јужната плажа во Поморие, во морето почина 72-годишна туристка од Финска, која пристигнала во Бугарија на 16 август со својот сопруг.
Во двата случаја телата се однесени на обдукција во Одделот за судска медицина при Универзитетската болница во Бургас. Работата за расветлување на околностите продолжува.
Регион
Политичар почина на плажа на Халкидик

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно на 59-годишна возраст кога доживеа срцев удар на плажа на Халкидик.
Според грчките медиуми, Везиропулос се разболел во саботата и иако брзата помош пристигнала бргу и го пренела во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, лекарите не успеале да го спасат, објавува „Нова.рс“.
Везиропулос беше долгогодишен пратеник од Иматија, а од април оваа година е генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија. Претходно, тој беше претседател на Постојаната комисија за економски прашања на парламентот, а од 2019 до 2023 година беше заменик-министер за финансии задолжен за даночната политика и јавните средства во владата на Киријакос Мицотакис.
Веста за неговата смрт длабоко го потресе премиерот Мицотакис, кој изрази сочувство до семејството и истакна дека Везиропулос бил „вреден колега и сакан политичар, кој со децении им служел и на својата партија и на својата татковина“.
Роден во Верија, по потекло од Александрија, беше оженет со професорката Катерина Кацава и татко е на две деца. Имаше два магистерски степена – по стратешко менаџерско сметководство и финансиско управување, како и по јавно право и политички науки. Исто така, беше докторанд на Правниот факултет при Универзитетот „Демокрит“ во Тракија.