Црна хроника
Скопјанец е тешко повреден по пад со моторче
Скопјанец е тешко повреден по пад со моторче. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 20 часот на крстосница меѓу улиците Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Н.К.(39) од Скопје управувувајќи мопед „кимико агилити” со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал на коловоз. По незгодата бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде што од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена штипјанка која паднала од електричен тротинет
Вчера на велосипедска патека од населба Сењак кон населба „8 Ноември“ во Штип, М.Ј.(38) од Штип, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на патеката.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип, објави МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна
Денеска во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Е.Ш. од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, извести МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Топ
Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница
Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Од полицијата велат дека се работи за физичка пресметка меѓу две групи на затвореници, а едно лице е тешко повредено.
„Осуденикот Х.Ф.(29) од Студеничани, Скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Насилство во затворот имаше и пред два дена, кога осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.